На прво место

МИЈАЦИТЕ СЕ ЧИСТОКРВНИ МАКЕДОНЦИ А НЕ ПРАВОСЛАВНИ АЛБАНЦИ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

29 декември 2015 година, Скопје, Македонија –

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја почитува слободата на вероисповеста, Македонија е ретка држава во која мултикултурализмот коегзистира реално, но ја отфрла манипулацијата со верското уверување и етничката припадност на граѓаните.

СМК со разочарување ја прими веста за регистрација на “Верска заедница на православни Албанци во Република Македонија“, како вешт обид за манипулација на јавноста за наводно формирање на Албанска Православна Црква во Македонија.

СМК смета дека и покрај сите обиди, православните Македонци кои го говорат албанскиот јазик и натаму ќе останат Македонци и ќе се црквуваат на македонски јазик во Македонската Православна Црква, којашто претставува една и единствена канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва!

СМК потсетува дека Мијаците и во Македонија и во Албанија не се “словенизирани Албанци“, како што Албанците не се “Илири“, туку се чистокрвни Македонци!

СМК предупредува дека Македонците нема да го заменат отоманското ропство со албанскиот национал-шовинизам и расизам, а Македонија никогаш нема да биде теократска држава во која владее шеријатот по урнекот на Саудиска Арабија!

СМК апелира до Владата, односите на државата Македонија со другите државите да ги уредува и решава на рамноправна и реципроцитетна основа!

СМК апелира до Владата и Собранието македонско-албанските односи да ги уредува и решава на рамноправна и реципроцитетна основа: Тоа што за Албанците во Македонија, истото за Македонците во Албанија!

СМК очекува политичките партии во борбата за власт да не ги заборават Македонците во светот, во соседните земји и во Македонија и да реализираат реални проекти за нивна афирмација и инкорпорација во сите институции на власта и на сите нивоа во соседна Албанија, Бугарија, Грција и Србија!

СМК изразува разочарување од молкот на научните установи кон перфидните обиди за демонтажа на македонскиот етнос, нација и држава и истовремено ги повикува да го кренат гласот на разумот за спас на татковината!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top