На прво место

МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ДРУШТВО “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО УТРЕХТ

10 април 2016 година, Утрехт, Холандија

– Синоќа во Утрехт се одржа прекрасна Македонска вечера на која свечено се одбележа регистрацијата и почетокот со работа на Македонското културно друштво Гоце Делчев во Утрехт, Холандија.

На Македонската вечера имаше богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора во изведба на ансамблот на Стефче Стојковски, а настапи и Фросина Мариновска, како и холандски културно-уметнички друштва кои ја негуваат македонската народна музика.

На Македонската вечера присуствуваа претставници на сите македонски друштва во Холандија.

Присутните ги поздрави претседателката на Друштвото, Роза Ѓорѓиева, која во своето обраќање рече:

– Ваша Екселенцијо господин Игор Попов, амбасадор на Република Македонија во Кралството Холандија, почитувани браќа и сестри, почитувани дами и господа, Ви посакувам добредојде на Македонската вечер, заради свечено одбележување на регистрацијата и почетокот со работа на Македонското културно друштво “Гоце Делчев“ во Утрехт, Холандија. За тие што не знаат: Гоце Делчев е основач на Македонската револуционерна организација во деветнаесеттиот век, со цел народно востание за ослободување и државност на Македонија, во времето на Отоманската Империја, кога Македонија и Македонците биле под отоманско ропство на Балканот. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во градот Кукуш, денес под Грција именуван како Килкис. Завршил гимназија во Солун, а бил учител во Ново Село, Штип, во Македонија. Загинал пред Илинденското востание, на 4 мај 1903 година во селото Баница, градот Сер, Егејскиот дел на Македонија, денес во Република Грција, именуван во Серес, во борба со отоманската војска. Во Илинденското востание на Македонскиот народ, во 1903 година, создадена е првата Македонска Република на Балканот, во градот Крушево, за жал, крваво загушена од бројните војски на Султанот. Неговите коски до 1917 година се чувале во селото Баница, потоа се пренесени во градот Ксанти, Грција, па во градот Софија, Бугарија. На 11 октомври 1946 година коските на Гоце Делчев се пренесени во Скопје, главниот град на Македонија и денес се чуваат во неговиот гроб во црквата “Свети Спас“ до Скопското Кале. Гоце Делчев бил идеолог на македонското револуционерно движење. Познат е по неговата мисла “Јас, светот го препознавам како поле за културен натпревар меѓу народите“. Тоа не е само негова лична импресија, туку претставува експресија на генетскиот код на една цела цивилизаицја, на македонската цивилизација, како цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, на коегзистенцијата и толеранцијата наспроти дискриминацијата и сегрегацијата, на кутурниот глобализам наспроти корпоративниот глобализам! Затоа и името на нашето здружение: Македонско културно друштво “Гоце Делчев“ во Утрехт. Во Холандија веќе педесет години живеат околу 20.000 Македонци по потекло од сите делови на Македонија, лојални граѓани на Холандија, кои ги негуваат културата, историјата, јазикот, верата, обичаите и традициите од стариот крај од каде што потекнуваат, тие или нивните родители. Само во Утрехт и околината ги има околу 5.000 по потекло Македонци. Македонците во Холандија се организирани во Македонска заедница и Македонска православна црковна општина. И оваа Македонско културно друштво “Гоце Делчев“ со седиште во Утрехт, ќе придонесе за афирмација на македонската култура, историја, јазик, вера, обичаи и традиции во Холандија и за унапредување на македонско-холандските билатерални меѓудржавни односи, кои се традиционални, долгогодишни и одлични. Ова е наша прва дружба. Се надеваме дека ќе бидеме почесто заедно, во повеќе проекти и манифестации. За тоа редовно ќе бидете информирани. А, сега пријатно расположение и добра забава со богата културно-уметничка програма со македонски ора и песни во изведба на ансамблот на виртуозот Стефче Стојковски, како и со Фросина Мариновска и холандски културно-уметнички друштва кои ја негуваат македонската народна музика. Да живее Македонско-холандското братство! Долго да ни поживее кралицата Беатрикс и холандскиот крал Вилем-Александар и неговото семејство! Амин!

Вечерта со своето присуство ја збогати македонскиот амбасадор во Холандија Н.Е. Игор Попов кој ја поздрави регистрацијата на Македонското културно друштво Гоце Дрлчев во Утрехт и посака негова успешна и плодна работа во афирмацијата на македонската култура во Холандија. Понуди соработка и помош во работата на Македонците во Холандија.

Пред присутните беше прочитана поздравна телеграма од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, во која се вели:

– Почитувани браќа и сестри Македонци, во името на Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија и во целиот свет, Ви упатувам искрени честитки за регистрацијата на Македонското културно друштво “Гоце Делчев“ во Утрехт, Кралството Холандија. Ви посакувам успешна работа и очекуваме плодна соработка за македонските работи. Останете лојални државјани на Холандија, но бидете горди Македонци: унапредувајте ги македонско-холандските односи; говорете го македонскиот јазик; негувајте ги македонската култура, вера и историја; одржувајте ги македонските обичаи и традиции; и никогаш не заборавајте ги вашите корени во библиска Македонија. Да живее македонско-холандското братство, – се вели на крајот од поздравната телеграма на претседателот на Светскиот Македонски. Конгрес, Тодор Петров.

Меѓу присутните доминираа младите, а посебно расположение на вечерта предизвикаа македонските народни песни испеани од Холанѓани кои ги негуваат македонските народни песни и ора, култура, обичаи и традиции.

Организаторот изрази задоволство од одржувањето на Македонската вечер и најави повеќе проекти за афирмација на македонската култура во Холандија и за унапредување на македонско-холандските билатерални односи.

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top