На прво место

Слично како и Груевски и претседателот на САД Доналд Трамп е во директен судир со Сорос

443-soros-trump-940

Македонска нација

443-soros-trump-940

Пораката која новиот американски претседател Доналд Трамп ја испрати до своите сојузници преку Атлантикот предизвика страв во Европа. Тој во својот инаугурациски говор потенцира дека САД „многу години ги збогатувал странските индустрии на рачун на американската, ги помагал странските војски додека слабеела американската, ги бранел туѓите граници, наместо сопствените, но и дека САД потрошила билиони долари во странство, додека американската индустрија пропаѓала“. Иако со ниту еден збор не ја спомна ЕУ и НАТО, неговата порака до сојузниците јасно гласи „не рачунајте на САД“.

Најголем страв на ЕУ е дека Трамп ќе се договори со Русија да се изолира Европа, додека САД ќе работи да ја спречи експанзијата на Кина и уништување на исламската држава. Ако ова се случи, тогаш ЕУ и особено Балканот би бил препуштен на Русија.

Одредени анализи укажуваат дека свртувањето на надворешната политика на САД би довело до склучување на нови сојузи меѓу државите во регионот што би предизвикало до поделба на Европскиот континент. Според ова сценарио, ако гаранцииите на САД за Европа не се веќе безусловни, тогаш и НАТО може да се распадне, што би довело до распаѓање на ЕУ и еврото.

Исто така се смета, дека дури и Трамп да остане верен на НАТО, во многу нешта ќе дојде до пореметување на досегашниот однос на силите во регион така да би било потребно многу време за тие да се стабилизираат. Што заначи дека секако одлуките на Трамп ќе имаат далекусежни последици во Европа.

По мигрантската криза, сведоци сме на крајот на еден свет кој во процесот на глобализација се стремеше да ги избрише границите на државите. Сега доаѓа време на враќање на држави нации. Се смета дека 2017 година ќе дојдо до будење на националистите во ЕУ и превземање на власта. Лондон навреме се извлече од ЕУ, а по него ќе следуваат и други држави.

На Балканот веќе се чуствуваат поместувања.

Во последно време сме сведоци на се позачестени изјави и провокации кои ни доаѓаат од Атина, Тирана, Белград и Софија, а кои наликуваат од почетокот на 19 век. Во прашање тие го доведуваат опстанокот не само на македонскиот, но и албанскиот народ.

Тоа значи дека за да навреме се превенираат состојбите, Македонија мора што побрзо да формира влада. Но, не соросовска конструкција, која би го туркала процесот на пропаднатата глобализација, во која македонската држава би исчезнала, туку Влада која ќе ја одразува вољата на народот и која ќе може да ја одбрани Македонија од аспирациите на соседите.

Единствено способна и организирана партија во македонскиот блок, која е способна да ја одбрани државноста и која го доби мандатот за формирање Влада е ВМРО ДПМНЕ. Од албанскиот блок тоа е ДУИ, партијата која и претходно беше коалиционен партнер.

Меѓу двете партии, како што изјавуваат високи челници на ВМРО ДПМНЕ, преговорите се интензивираат, а некои медиуми шпекулираат дека се усогласени ставовите околу двојазичноста, а сега на ред биле кадровските решенија за новиот владин кабинет. Меѓутоа, времето истекува и тие мораат, што побрзо за доброто на народот да формираат нова Влада, без уцени.

Од друга страна својата шанса ја чека опозицијата предводена од лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој со помош на Сорос и надворешни сили се обиде на нелегален начин да предизвика преврат во земјата. Иако, СДСМ изгуби на предвремените избори во декември минатата година, нивниот лидер Заев како што изјавуваше во предизборието е подготвен да направи компромиси и да ја прифати платформата на Албанците дадена од Тирана, а со која целосно ќе ја редефинира земјата. Неговата постапка целосно кореспондира со желбите на соседите кои сакаат да го затворат македонското прашање еднаш за секогаш и кои и ден денес имаат територијални претензии не само кон македонската туку и кон албанската територија.

Тоа е основната причина поради која, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, во интерес на своите народи,  мораат да направат што побргу влада. А за тоа и те како можат да имаат поддршка од ново изабраниот американски претседател.

Имено, Македонија има право да се надева на помош од Трамп, со оглед на фактот што лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, поради директно мешање на Џорџ Сорос и неговите невладини структури во внатрешните работи на земјата, најави десороизација.

Слично како и Груевски и претседателот на САД Доналд Трамп е во дирректен судир со Сорос. Односно, по инаугурацијата на Трамп за претседател можевме да видиме протести во повеќе градови во САД организирани од соросовите невладини организации, исто како што овие структури ја организираа шераната револуција во земјата. Денес можеме да видиме како членовите на овие организации дивеат, кршат и го палат имотот низ американските градови.      

Сепак, нема да биде лесно зошто уште од времето на Клинтон и Обама во Македонија се води една антимакедонска политика на американската администрација. За да дојде до поголеми промени во инсталираните структури, на Трамп ќе му биде потребно подолго време. Отука може да каже дека само ВМРО ДПМНЕ може да го премости овој период. Затоа македонскиот народ не смее да дозволи во овој нов наплив на враќање на држави нации, да ги испушти конците од раце и да му дозволи на СДСМ да ја уништи државата на Македонците.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top