На прво место

ЗОШТО ЗА 60.000 ГЛАСА, СДСМ СТАНА АЛБАНСКА ПАРТИЈА?

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Настрана криминалот, никој никогаш не побегнал од судот на историјата, народот и правдата. Кога, тогаш… Но, да поентираме со насловот од коментаров…

За 60.000 гласа на Албанци, Зоран Заев го прогласи Социјалдемократскиот сојуз за албанска партија, претходно за непатриотска и за немакедонска партија. Ако за 60.000 гласа на Албанци, Социјалдемократскиот сојуз стана албанска партија, што се останатите 370.000 кои, исто така, гласаа за оваа партија? И, кој и зошто ним им го одзеде идентитетот?

Не дека некој забранува Албанци да членуваат во СДСМ или за оваа и за друга партија да гласат. Едно време и ДУИ формираше ограноци во Источниот дел на Македонија со Македонци, се разбира, за работни места по клуч од коалиционата поделба на власта. И во Јужниот дел на Македонија, Македонци гласаа за кандидатот за претседател на Републиката од ДУИ… Ама, за СДСМ на последните парламентарни избори гласаа најмногу Албанци во најголемите упоришта на терористичката ОНА, каде што во 2001 година прогласуваа “слободни територии од славо-македонските окупатори”. Тие сигурно не гласаа за Зоран Заев затоа што им ветил атмосферска и фекална канализација и асфалтирање на улици, туку за федерализација и двојазичност на Македонија.

Ако СДСМ е албанска партија, зошто не ги поканија во составувањето и пишувањето на “албанската платформа”? Зошто Еди Рама не го покани СДСМ на координациите со ДУИ, ДПА, Алијанса за Албанците и БЕСА, во Тирана?

Велат, ништо не е случајно, а ако е, тогаш е доста добро испланирано. Што ако тие 60.000 гласа се дел од “албанската платформа” за “окупација” на СДСМ и одмакедончување на оваа партија за остварување на барањата токму од “албанската платформа”? Впрочем, СДСМ веќе се изјасни дека за нив се’ е прифатливо од “албанската платформа”, со што ги погазија своите потписи на сите претходни договори за Македонија!

Секако, држи вода и прашањето, кој е поголем предавник: Македонска партија која ја прифаќа “албанската платформа” или “немакедонска партија” која, исто така, ја прифаќа “албанската платформа”? Без разлика, на сите ним заеднички именител им е: предавство!

Како и да е, на крајот сите тие ветувања ќе останат само една голема лага, во страста за власт и сласта за моќ и пари.

Некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време, затоа што народот веќе виде се’!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top