На прво место

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ НА 9 АПРИЛ ПРЕД МАКЕДОНСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО МЕЛБУРН

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ВИКТОРИЈА

СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ НА 9 АПРИЛ ПРЕД МАКЕДОНСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО МЕЛБУРН

22 март 2017 година, Мелбурн, Викторија, Австралија

– Во организација на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија, на 9 април 2017 година, недела, со почеток во 12.00 до 14.00 часот пред Македонскиот конзулат во Мелбурн, (Macedonian Consulate General 7/492 St Kilda Road, Melbourne) ќе се одржи Семакедонски протест за заедничка и унитарна Македонија. Лице за контакт Горан Котев 0417306941.

Семакедонскиот протест ќе ја осуди таканаречената “тиранска платформа“ за бинационална и двојазична Македонија и ќе побара македонскиот јазик да биде еден и единствен службен јазик на целата територија на унитарна и заедничка Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Семакедонскиот протест ќе даде целосна поддршка за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во Австралија бараат крај на разговорите за разликата за името Македонија со Владата во Атина и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД, и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година кој се’ уште трае!

Македонците во Австралија се приклучуваат на движењето “За заедничка Македонија“ и ја поддржуваат унитарноста на Македонија и непроменливоста на Уставот.

Македонците во Австралија ја отфрлаат во целост и се спротивставуваат на редефинирање, кантонизација, федерализација, промена на име, знаме и химна на Македонија.

Македонците во Австралија сметаат дека само Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е еден и единствен службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи!

Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната, бараат попис на населението и повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

Најново од: На прво место

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

To top