На прво место

ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СИТЕ ТУЖБИ И ПРЕКИН НА СИТЕ ИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА

14

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СИТЕ ТУЖБИ И ПРЕКИН НА СИТЕ ИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ВО ВРСКА СО НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ ЗАРАДИ СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ!

29 ноември 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара донесување на Закон за помилување на инволвираните во настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, по итна постапка, имајќи го предвид нивниот патриотизам за заштита на суверенитетот и интегритетот на државноста.

Знаејќи дека претходно Собранието со закон ги амнестира терористите од војната во 2001 година, неприфатливо е учесниците во движењето “За заедничка Македонија“ да бидат притворани и судени по барање на Основното јавно обвинителство за кривично дело “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

СМК бара јавното обвинителство да ги повлече сите тужби и да ги прекине сите истражни дејствија по службеност, а поради еднаквоста на сите пред Уставот и законите и семакедонско помирување и обединување.

СМК по правило го осудува секое физичко и политичко насилство во државата, но смета дека народот и граѓаните имаа право на самоодбрана на законодавниот дом од узурпација на власта, откако шеесет дена од февруари до 27 април годинава, никој не посвети внимание на мирните протести и барањата од движењето “За заедничка Македонија“ во Републиката и меѓу Македонците во светот, посебно после прокламацијата на Талат Џафери за “претседател” на Собранието спроти 16-годишнината од масакрот на терористи на ОНА врз осум припадници на Вооружените сили на Македонија кај Вејце на 28 април 2001 година чиј командант беше Талат Џафери и пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница.

СМК повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата.

СМК го осудува политичкиот реваншизам и демонстрацијата на сила од позиции на власт, што генерира тензии и врши поларизација во општеството.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top