На прво место

Господине Заев нас во Австралија не има повеќе од 200 илјади и уште толку во Америка Канада и Европа

protest-sidnej-dusan

protest-sidnej-dusan
На протестот во Сиднеј, 4 март 2018 година, читана е следната изјава од:

ДУШАН РИСТЕВСКИ, Писател и општественик од Сиднеј – Австралија

Драги браќа и сестри! Лично сум загрижен како и сите вие, што Владата на Република Македонија го води процесот на разговори со Атињаните околу нашето уставно име и националниот идентитет. Од владата се бара да се влезе во НАТО и ЕУ по цена на губење на својот идентитет и своја држава. Јас и сите вие, чувствуваме одговорност да не молчиме и затоа сме дојдени овде да им кажеме на сите пратеници во парламентот без разлика на нивната политичка определба, без разлика на нивната верска и национална припадност дека не се сложуваме со нивното предавништво, со нивната подлост и мизерност, со нивната зачмаеност и плиткост, со нивната игоцентричност и малоумност со нивната ѓаолска желба да ја уништат македонската нација.

Драги браќа и сестри! Ние сме сведоци на секојдневно деградирање не само од фашистичко настроените соседи кои употребуваат семожни уцени и сатански игри туку сме деградирани и понижувани од самите македонски малоумни и алчни политичари. Нашата нација е ставена на гилотина со која управува Заев и неговите безлични и бездушни пиони на предавници и без интегритет парламентарци кои протифираат за да го сменат името, јазикот и уставот. Но не се само тие. За да може Заев да дојде до својата подла цел, со молчење го одобрува тоа и опозицијата во парламентот како и институциите со кои управуваат сенилни старци како што е Македонската академија на науките и уметностите, Македонската православна црква, Друштвото на писатели на Македонија како и Друштвото на новинарите на Македонија. За жал во последните две сум член и се срамам тоа да го кажам – во истите управуваат водачи кои немаат ни малку достоинство. Тие се глупаво-неми кои ги гледаат своите лични интереси. Значи за жал нема ниту една институција која јавно има истапено за да ги заштити нашите национални права. На сите интелектуалци и прогресивни сили во Македонија им е ставена јамка од политичари-зданија кои немаат интегритет.

Господине Заев нас во Австралија не има повеќе од 200 илјади и уште толку во Америка Канада и Европа и не има уште неколку милиони во поробените делови на Македонија. Дали ги прашавте нив, дали не прашавте нас за да знаете какви се нашите желби и сонови, каде е нашата душа и срце.

Господине – издајнику Заев, ги преименувавте аеродромот и автопатотот и почнавте да демонтирате споменици само да ги задоволите Атињаните, а за тоа колку пари добивте или можеби си ја продадовте душата за едно шише узо? Дозволете ми да ви дадам еден предлог како вас така и на сите парламентарци (посебно на Македонците) кои како кукавици седите во арамиското издајничко дувло на парламентот. Зошто сите не отидете на гробиштата каде што се закопани вашите баби и дедовци, зошто не отидете и на гробот на вашите мајки и татковци и како прво, од надгробните плочи да го избришете кириличното писмо и на гробот напишете на елински или арнаутски, бугарски или српски јазик? Или зошто не ги демонтирате или подобро не ги искршите спомениците на вашите мајки и татковци. Знам, имате потполно право тоа да го направите оти тие се гробови и споменици на вашите најблиски, но кој ви даде право да го рушите споменикот на мојот татко, на мојата мајка? Кој ви даде право да ги руштите нашите споменици и спомениците кои им припаѓаат на македонски народ? Со секое уривање на националните обележја се урива нашето минато, нашата историја, се сече коренот од кој живееме, се урива нашата гордост, се урива нашата иднина.

Вие не сте избран да одлучувате за нашата иднина и иднината на нашите деца, за иднината на нашата нација и држава. Не сте избран да правите национално-културен геноцид врз Македонците. Не сте избран да го земате нашето достоинство и гордост. Не сте избран да ги понижувате и загушувате мислите на интелектуалците и прогресивните сили во Македонија.

Запомнете издајнику Заев, ние сме Македонци по род, Македонија е нашата држава, јазикот ни е македонски. Поради тоа никој нема право да менува со каков било договор, уцена или диктат ниту да заговара решенија на негирање на нашата историја, на националниот идентитет или јазикот.

Господин Заев, за да ја спасиме Македонија, најдобро ќе биде да си дадете оставка, да си ги земете парталите и да си се вратите од каде што сте дојдени.

Најново од: На прво место

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

To top