На прво место

Грчкиот преговарачки тим го дрибла македонскиот

Преговарачкиот тим на македонската Влада по се изгледа ќе биде издриблан од страна на своите грчки соперници: но, повеќе за тоа подолу во текстот.
Да почнеме со тоа како грчкиот министер за надворешни работи Никос Коцијас, пред минатонеделната средба со Метју Нимиц во Виена, изјави дека Македонија е „мала држава“ која „се уште не го нашла својот идентитет“. Бев стаписан што македонската Влада не испрати демарш за оваа изјава, туку едноставно ја прифати како да е факт. Коцијас исто така рече дека „не можеме да се согласиме оваа држава да се нарекува ‘Македонија’“. Овој последен дел од изјавата треба да ни е веќе јасен: македонската Влада самата најави дека е подготвена да го смени името „Република Македонија“. Најверојатна опција од низата предложени имиња е името „Горномакедонија“.

Тука гледаме како грчкиот преговарачки тим го дрибла македонскиот. Во повеќе македонски, грчки и меѓународни медиуми беше објавено како Грците побарале „новото име“ да биде еден слеан збор, како „Горномакедонија“ и да не биде преведено на англиски, додека македонската страна инсистирала тоа да бидат два одвоени збора, „Горно Македонија“ и тоа со превод на англиски кој ќе се користи во меѓународни употреби. Грците исто така инсистираат да се смени македонскиот Устав во согласност со „новото име“ кое ќе се користи низ целиот свет, како и „ерга омнес“ во рамките на Македонија, што значи и на пасошите, личните карти и другите документи. Дополнително, Грците бараат идентитетот и јазикот да не се викаат „македонски“, како и да се смени интернет додавката. Но, во нова серија медиумски извештаи беше најавено дека Грците „дзволиле“ името да биде „Република Горна Македонија“ (два збора, на англиски) но не попуштаат од нивното барање новото име да се употребува во рамките на Македонија и да се смени Уставот (нема нови најави во врска со идентиетот и јазикот, но јасно е дека, ако се менува Уставот, ќе се сменат и тие).

Доколку – доколку – овие медиумски извештаи се точни, што значи тоа за преговорите? Тоа значи дека Грците тргнале од максималистички позиции по сите точки, особено со нивното инсистирање на „Горномакедонија“, со прикриена намера во текот на преговорите да отстапат од своите почетни позиции за да можат да кажат дека ете, и тие направиле „отстапки“ и им „дозволиле“ на Македонците да се викаат „Горна Македонија“. Со тоа , Грците сакаат да излезе дека тие се широкогради во преговорите, но за возврат, Македонците треба да им „дадат“ на Грците нешто друго. А тоа што Грците го сакаат најмногу од се е промена на Уставот и употреба на името „Горна Македонија“ во пасошите, личните карти, интернет додавките и така натаму. Се разбира, со имплементирање на овие промени, Македонците де факто ќе „го најдат својот идентитет“, што би рекол Коцијас.

Дури и да му поверуваме министерот за надворешни работи Никола Димитров – кој неодамна изјави дека „ние сме Македонци и зборуваме на македонски јазик“ – значи дури и да му веруваме дека бил искрен кога го кажа тоа, Грците никогаш нема да му дозволат на светот да го каже истото тоа, особено ако Македонија капитулира и се согласи да се нарекува „Република Горна Македонија“, затоа што Грците ќе бидат активни да го негираат правото на Македонците да се викаат себеси „Македонци“ кои зборуваат на „македонски јазик“. Ова со сигурност ќе следи ако Македонците се согласат името „Горна Македонија“ да влезе во Уставот. Мислам дека ова би требало веќе да им е јасно на сите.

Ова барање се поклопува со најавите дека премиерот Зоран Заев сака да ја прошири својата коалиција и да има поголема поддршка во Собранието. ГРците инсистираат да се смени Уставот, а Заев се уште сака да ја добие „славата“ и пофалбата од меѓународната заедница затоа што го „решил“ спорот за името. Оттаму, Заев ќе биде многу отворен за идејата да се смени македонскиот Устав, за што, сепак, ќе му бидат потребни повеќе гласови.

Во неделата што доаѓа, неделата на Велигден, двете страни ќе се организираат во своите главни градови, и министрите ќе се сретнат повторно на 8 април, а доколку има „напредок“, ќе се организира и средба на премиерите. Сите страни, Македонците, Грците, Обединтите нации и меѓународната, продолжуваат да објавуваат соопштенија, да даваат изјави и на сите други можни начини да ги извртуваат настаните со позитивни коментари, но сепак нотирајќи дека во иднина не очекуваат и потешкотии, но ако кај двете страни има волја, тогаш ќе се дојде до решение.

Што се однесува до мене, ќе продолжам да инсистирам на тоа дека, некоја идна Влада (не можеме да очекуваме од сегашната Влада) треба да се повлече од преговорите за името. Најголем дел од планетата веќе ја нарекува Македонија според уставното име, и најголем дел од планетата се согласни дека Македонците и македонскиот јазик постојат. Сегашната Влада на Македонија најавува дека сето ова е предмет на преговори. Вашето име, вашиот идентитет, вашата историја, вашата култура и јазик не треба да бидат предмет на преговори. Со преговорите, македонската Влада најави дека сето ова, сите овие работи кои Македонија ја прават посебна и уникатна, сите тие имаат цена. Не треба да биде така. Нема цена што може да се плати за вашето име и идентитет.

Џејсон Мико за svest.mk

Најново од: На прво место

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

To top