На прво место

СДСМ ќе одговара

СДСМ ќе одговара затоа што ја зацрни државата и ја остави нефункционална скоро две години

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Република Македонија не била во поголема правна провалија од осамостојувањето до денес. Црнилото во кое е втурната државата резултира со Кацарска судство и Русковска обвинителство поради кои нема правда, туку само политички диктирани пресуди.

Државата е зацрнета. Република Македонија е единствена држава во Европа во која обвинители се прислушувани, тоа не е одраз на правна држава и демократија, тоа е одраз на заробена држава.

Обвинители и судии кои биле прислушувани не можеле да носат независни и непристрасни обвиненија и пресуди.

Република Македонија со СДСМ на власт стана држава во која е опасно да се живее. Министерот за прогон Спасовски откако е на чело на министерството има девет неразјаснети убиства.

Земјоделието е во целосен хаос. За повеќе земјоделски култури како доматите, зелката, сливата, јаболката, пченицата и оризот немаше откуп, а за одредени култури цената беше под производствената трошоци, што е целосно нерентабилно.

Образованието е оставено на страна, нема инвестиции, ниту проекти. Младите кои беа главен фокус во предизборната кампања на СДСМ пред две години се најмногу оштетени од владеењето на СДСМ. Иселените не само што не се вратија, туку дополнително голем број граѓани се иселуваат секојдневно од сите краишта на државата.

Здравството е во општ хаос. Безидејноста на власт се гледа на секој чекор, а ова министерство се користи само како средство за делење на тендери.

СДСМ ја зацрни државата и затоа треба да одговара. Државата е нефункционална скоро две години. Ова црнило мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со овие штетни политики да ни се придружат на протестниот марш во среда во 17 часот во Скопје, кој ќе започне од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија. Да го испратиме СДСМ во историјата. Зората мора да ја победи темнината.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top