На прво место

Бонева ја открива вистината за патните трошоци – СДСМ ја манипулираше јавноста!

Boneva

Boneva

Денес, имав воведен говор пред судот во врска со обвинението на СЈО против мене, кој го започнав со следното:

“Денес сум пред Вас заради невистинитото и паушално обвинение поднесено против мене. За жал, јас бев обвинета и веќе осудена од моите политички неистомисленици и од дел од медиумите под нивна контрола, уште пред да биде доставено оваа обвинение до Вас.

Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како СИЛБО, ЖИКОЛ, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила.

Моите политички неистомисленици намерно поттикнуваа омраза и злоба против мене со лаги во јавноста, за да ја заслепат и сама да побара да ме осудат, олеснувајќи и одобрувајќи им ја политичката пресметка со мене, само заради тоа што секојпат се борев против криминалните структури во политиката, без оглед дали се леви или десни и заради тоа што секогаш ја кажував вистината и никогаш не замолчав пред било кој авторитет.”

Во врска со обвинувањето на СЈО дека сум поднесувала лажни фискални сметки, меѓу другото пред судот истакнав:

„Од доказите ќе се утврди дека фискалните сметки се од моите реални патувања од дома до Скопје и назад во Струмица.

Со сведочењето на сите сведоци и вештачењето на материјалните докази – фотографиите кои сум ги постирала на фејсбук, од дел од настаните на кои сум учествувала, а кои се случиле надвор од Скопје, во населени места низ цела четврта и трета изборна единица и насекаде низ државата, ќе докажам дека не сум била сместена во Скопје, туку после седниците и теренските активности постојано сум патувала дома во Струмица.

Од материјалните докази и вештачењето со кое е направена споредба на сметките за потрошена струја и вода на катот од семејната куќа во Струмица каде што живеам и станот кај што престојуваше сопругот во Скопје, судот ќе се увери дека, затоа што живеам во Струмица, имам потрошено 1.55 пати повеќе електрична енергија на ден од станот каде престојуваше мојот сопруг и 1.24 пати повеќе потрошена електрична енергија на ден од моите родители, кои по цел ден беа дома. Исто така, судот ќе се увери и дека затоа што живеам во Струмица, имам платено за вода 2.36 пати повеќе средства во однос на станот во Скопје каде престојуваше мојот сопруг.

Исто така, од вештачењето и материјалните докази судот ќе се увери, дека дури и кога синовите беа отсутни од семејниот дом во Струмица и од Република Македонија повеќе од половина време од спорниот период од 5 год., јас имам поголема континуирана дневна потрошувачка на електрична енергија и на вода на катот од семејната куќа во која јас живеам во Струмица, во однос на станот во Скопје каде престојуваше сопругот, што дополнително го потврдува фактот дека сум живеела во Струмица.”

Во однос на обвинувањето на СЈО дека на моето возило недостасуват извозени километри, денес во мојот воведен говор пред судот меѓу другото истакнав:

„Судот, преку приложените докази, сведочењата и вештачењето ќе се увери дека за да стигнам на работа сум била принудена да користам и други две возила освен моето – возилото на мојот син Гоце и друго возило со чиј сопственик во 2012 год склучив Договор за користење.

Бев принудена да ги користам другите две возила секогаш кога моето не беше во возна состојба. На пример, кога беше на поправка 65 работни денови после 8те помали и една поголема сообраќајна незгода што ги преживеав во тој период.

Исто така, бев принудена да ги користам другите две возила затоа што мојата здравствена состојба повремено се влошуваше и не бев во состојба да возам. Тоа ќе се утврди од приложената медицинска документација.

Дополнително, во тој период заради мојот политички ангажман реално беше загрозена и мојата безбедност. Имав закани и реални посегања по мојот живот. Имав неразјаснети сообраќајќи, се случуваа и бројни атаци врз колата, заради кои не сум можела да тргнам на работа со неа и безбедно да стигнам во Скопје. Вознемирувачко беше и нереагирањето на институциите кон причинителите на сообраќајните незгоди кои ги претрпев. Од тие причини бев принудена да ги користам другите две возила, за да стигнам на работа во Скопје.“

Во врска со привремената мерка од 07.03.2018 година, со која се забранува на моите синови, располагање со стан во Скопје, која беше донесена од судот на барање на СЈО, без никакви докази и без да се утврди било каква одговорност, денес, во мојот воведен говор кажав:

„Со изведување на приложените докази – оригиналната документација за изворот на средства за купување на станот од 97.200 евра и вештачењето, судот ќе се увери дека станот не е стекнат со криминални пари, ниту е исплатен од моите патни трошоци, туку:

Повеќе од половина од вредноста на станот е платена од извори на средства со утврдено потекло и тоа:

  • од останат дел од парите од премијата на лото што ја доби сопругот во 2013 г. со која беа купени двата стана во Скопје;
  • од животната заштеда на сопругот до 2011;
  • од пари од исплатениот надомест на штета за сообраќајка од осигурителна компанија;
  • од пари од продажба на нива од наследство и
  • од парична помош дадена на внуците, од животната заштеда на мојот татко Владимир Костадинов.

Остатокот од вредноста на станот е исплатен на рати од 2013 до 2017 год., од вкупно остварени приходи во тој период по основ на кредит и нето платите од моите синови, сопругот и мене, без приходите од патните трошоци, што се потврдува од вештачењето и приложените докази – оригиналната документација за изворот на средства за купување на станот.“ – пишува на Facebook поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, во врска со наводните малверзации со патните трошоци.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top