На прво место

Посета на с. Русиново и местото каде што загинал Дамјан Груев

Dame-Gruev400

Здржението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев – Битола од Битола, на секој начин се труди да ги заштити постигнувањата на Дамјан Груев, кои во минатото беа не само занемарувани, туку и препишувани како доблести и заслуги на други наши Дејци! Па така ние како Друштво решивме тоа да го промениме и главен акцент да му ставиме на една од централните фигури во тоа време!

Активности иако младо и релативно ново друштво се многубројни и во иднина планира така и да продолжат. Една од активности на Здружението беше секако и посетата на местото каде што загинал Револуционерот. Даме Груев последните денови од својот живот ги поминал во Русиново.
Dame-Gruev400
Мал осврт на причината на посета:

Четата на Дамјан Груев влегла во селото и заседнала во куќата на Димитар Р. Алаѓозов, но направила фатална грешка бидејќи не обезбедила стражари внатре и околу куќата. Иако биле предупредени од домакинот дека утрината ќе дојдат турци за да си го соберат данокот,русинскиот комитет не го обезбедиле Дамјан Груев со нова побезбедна куќа. Па така утрината во куќата на Алаѓозови влегле двајца Турци. Тие качувајќи се по скалите ги виделе низ отворената врата комитите кои живо разговарале во собата на горниот кат. Турците наместо да побегнат, се наместиле под скалите и отвориле оган. Прв слегол по скалата Сандо Китанов, но не бил погоден. По него се симнал Даме кој се здобил со рана во десната нога. Другите четници излегле на задната врата и тргнале нагоре кон плотовите. Четникот Ѓорѓи Поп Стојанов од с. Владимирово, којшто ја следел трагата на Китанов, правејќи обид да се префрли преку плотот бил погоден од два куршума. Тој бил првата жртва блиску до куќата.

Привлечени од пукањето, на помош на Турците, на местото пристигнале и “таксилдарот – бирник и заптијата којшто го придружувал. Пристигнала и војската која престојувала во Владимирово…”.

Даме Груев и Ѓорѓи Карчов излегле надвор од селото со еден смел курир Григор Митов Крапев, кој за жал бил без оружје и не можел да им дава помош. По Дамета имало неколку потери на војски, а раната која крвавела оставала траги по пресниот снег на земјата. Стасале до југоисточната стрмнина на врвот Петлец, во месноста Валмето, кај Белите Камења. Тука се отворила борба, а Даме го отстранил курирот за да не стане и тој жртва.

И така, запишал Русински, “во крвавата битка прочуениот смилевски даскал, апостолот на македонската слобода Даме Груев, ја најде својата херојска смрт” на 23 декември 1906 година. Следниот ден, на 24 декември турските воени власти наредиле убиените да се кренат од местото на погубувањето и да бидат погребани. Селаните ги погребале Даме Груев, Сандо Китанов, Ѓорѓи Карчов во еден гроб кај русинската црква. Телото на Ѓорѓи Поп Стојанов си го однесле во Владимирово.
tuka-zagina-dame-gruev
Па така во таа чест членовите на Здружението го посетиа местото каде што тој загинал. Иако местото каде загинал Даме Груев и плочата која денес е поставена токму на тоа место е многу оддалечена од патот до каде што е проодно, сепак членовите на здржението стигнаа до зацртана цел.

Посетата беше достоинствена и секако со поклон на тоа место! Се остварија добри контакти со градонаЧалникот на општината Берово господинот Драги Наџински како и тамошното население при што се одлучи во иднина да се има комуникација и меѓусебна соработка и помагање.
Dame-Gruev400-2
Исто така членовите на Здржението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев – Битола од Битола,го посетија и првобитното гробно место на Дамјан Груев како и бистата која е поставена во селото Русиново.

Секако ова нема да биди последната посета на Русиново и тука нема да застанат активностите на Здржението на граѓани за заштита на ликот и делото на Дамјан Груев – Битола од Битола,
zdruzenie-dame-gruev
Владо Кузмановски и Благојче Андонов

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top