На прво место

Хуманитарен концерт „Ѕвездите за Данило“ в недела на плоштадот „Македонија“

Македонските естрадни ѕвезди в недела од 19:30 до 23:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе одржат голем хуманитарен концерт и аукција на слики од најпознатите македонски ликовни уметници со што ќе се обидат да соберат парични средства потребни за лекување и трансплантација на коскена срцевина во Германија за тригодишниот Данило Јањиќ.

Концертот, како што најавија организаторите, директно ќе биде пренесуван на Македонската телевизија, а преку сателитски пренос ќе можат да го следат и Македонците од дијаспората и да учествуваат со донирање средства на телефонските броеви кои ќе бидат достапни.

Трошоците за лекувањето на Данило чинат 330.000 евра. Фондот за здравство му одобри 80 отсто односно 200.000 евра, а трошоците за хемотерапија како подготовка за трансплатација ги одби. Останатите 130.000 евра би требало да ги соберат неговите родители. Од клиниката во Германија предупредуваат дека доколку не се исплатат сите средства нема да бараат донор и нема да ја направат трансплатацијата.

Родителите на Данило заедно со него се во Германија. Тие се сместени во посебно болничко прифатилиште кое чини 1.000 евра месечно, средства кои не влегуваат во сумата за лекување.

Организатори на концертот се Two Hearts – Production во соработка со музичарите Елена Ристеска и Игор Узунов, а на него ќе настапат и Ламбе Алабакоски, Елена Петреска, Андријана Јаневска, Маријан Стојановски, Маја Саздановска, Ева Нединковска, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска, Александар Белов, Ристе Тевдовски, Бертан Аслани, Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Мартин Србиновски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Дани Димитровска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Оливера Ѓорѓоска, Дарко Илиевски, Аделина, Бени, Александар Тарабунов, Шпати, Афродита Дрешај и други. Како водителска двојка ќе се појават Лила М. Стојановска и Дамјан Дренковски.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top