На прво место

Хуманитарен концерт „Ѕвездите за Данило“ на плоштадот „Македонија“

daniloJanic

daniloJanicМакедонските естрадни ѕвезди, вечер од 19:30 до 23:30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе одржат голем хуманитарен концерт и аукција на слики од најпознатите македонски ликовни уметници со што ќе се обидат да соберат парични средства потребни за лекување и трансплантација на коскена срцевина во Германија за тригодишниот Данило Јањиќ.

Концертот, како што најавија организаторите, директно ќе биде пренесуван на Македонската телевизија, а преку сателитски пренос ќе можат да го следат и Македонците од дијаспората и да учествуваат со донирање средства на телефонските броеви кои ќе бидат достапни.

Трошоците за лекувањето на Данило чинат 330.000 евра. Фондот за здравство му одобри 80 отсто односно 200.000 евра, а трошоците за хемотерапија како подготовка за трансплатација ги одби. Останатите 130.000 евра би требало да ги соберат неговите родители. Од клиниката во Германија предупредуваат дека доколку не се исплатат сите средства нема да бараат донор и нема да ја направат трансплатацијата.

Родителите на Данило заедно со него се во Германија. Тие се сместени во посебно болничко прифатилиште кое чини 1.000 евра месечно, средства кои не влегуваат во сумата за лекување.

Организатори на концертот се Two Hearts – Production во соработка со музичарите Елена Ристеска и Игор Узунов, а на него ќе настапат и Ламбе Алабакоски, Елена Петреска, Андријана Јаневска, Маријан Стојановски, Маја Саздановска, Ева Нединковска, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска, Александар Белов, Ристе Тевдовски, Бертан Аслани, Биба Додева, Маја Вукичевиќ, Мартин Србиновски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Дани Димитровска, Викторија Лоба, Влатко Лозановски, Оливера Ѓорѓоска, Дарко Илиевски, Аделина, Бени, Александар Тарабунов, Шпати, Афродита Дрешај и други. Како водителска двојка ќе се појават Лила М. Стојановска и Дамјан Дренковски.

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top