На прво место

Драган Богдановски- кратка биографија

Dragan

DraganДраган Богдановски, е роден на 18 септември  1929 год во с.Клечовце–Кумановско.

Потекнува од фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец–комита во четата на Атанас Бабата).

Драган, основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола. Во 1948 год. се запишува на факултет за Земјоделство и Шумарство во Белград.

Во Белград уште во третиот семестар од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб„ за која активност лежел 4 месеци во затвор.

Драган по излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот, без право на упис на било кој факултет во Југославија. По забраната да студира во Југославија, заедно со неколку студенти во 1950 год. кај Гевгелија ја преминува границата кон Грција.

Кон крајот на 1950 год. заминува за Јужна Америка, во Аргентина и Бразил престојува се до 1954 год. Од Јужна Америка заминува за Франција. Во Париз, на Сорбона, се запишува на факултет за политички науки и журналистика

После кратко време, во Париз со негови истомисленици ја формира организацијата „Македонски национален фронт„ и издава весник„Македонска искра„. Од овој весник успеваат да излезат само неколку броеви. По интервенција на Грчката амбасада во Париз, Француската влада го забранува овој весник како националистички и антигрчки.

Во 1958 год. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, заминува да живее во Норвешка. Драган со Брита има два сина, Пер–Арне и Иван.

Во истата година Драган издава повеќе весници, списанија и книги. Во Осло го издава списанието „Македонска лоза“ и „Слободна Македонија“ потоа го печати весникот „Македонија“ и списанието „Македонска нација“.

Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган беше претседател на ДООМ до 1977 год. ДООМ беше активна кон македонците кои по 60-те години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини.

Драган и другите членови и симпатизери на ДООМ многу брзо наидоа на проблеми со тогашната УДБА.

Во Минхен, од страна на УДБА, беше убиен секретарот на ДООМ, Благој Шамбевски. Благој Шамбевски беше убиен во хотелот во кој работеше, убиен беше во соба со тврд предмет. Исто така во Минхен, УДБА организира кражба на кириличните слова и беше искршена печатницата, во која се печатеше списанието „Македонска нација„.

Во 1977 год. Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје.

За време на префрлањето до Југославија, Драган бил во бесвесна состојба. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци.

Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор.

Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин а потоа во Шведска.

Во април 1990 година Драган Богдановски од Шведска заминува во Берлин.

На 17.Јуни.1990 год. се одржа Основачкото собрание на ВМРО–ДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје.

На основачкото собрание во Скопје Драган неможеше да присуствува затоа што не поседуваше Југословенска патна исправа.

Веднаш по доаѓањето во Берлин, по излегувањето од затворот Идризово ја искина со зборовите: „Јас нема да ја носам оваа патна исправа затоа што не е Македонска“.

На 6 и 7 април 1991 год во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРО–ДПМНЕ, Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата.

Во септември 1991 год. во Берлин, се одржа првото советување на македонците во дијаспората. За претседател на Задграничниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ беше избран Драган Богдановски.

Во 1993 год.Драган Богдановски меѓу првите ја согледува заблудата околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на ВМРО–ДПМНЕ, чиј директен оснивач и идеолог е самиот тој. На крајот на 1993год. доаѓа до конечно разделување со Љупчо Георгиевски и со партијата, што самиот ја основа.

Драган Богдановски умре  на  31.05.1998 година во Копенхаген, на пат од Шведска за Берлин.

Сите подготовки за префрлање на посмртното тело на Драган од Данска за Македонија беа организирани од Задраничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На погребот во Куманово за жал не присуствуваше ниту еден од тогашното раководство на партијата.

Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top