На прво место

Христос воскресе, навистина воскресе !

Grobot_na_Isus_Hristos-_23.11.2011_49

Grobot_na_Isus_Hristos-_23.11.2011_49„Македонска нација“ на сите Христијани во Македонија и во целиот свет им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Воскресението Христово – Велигден е празник кога ја славиме победата на животот на смртта, светлината над темнината. Денот на Воскресението Христово преставува Божји дар, вистинска радост која ни го осветлува патот на недежда, љубовта, мирот, радоста и среќата во животот.

Воскресението Христово преставува обединување околу верата и учењето Христово за милосрдието, праведноста, почитувањето и толеранцијата. Тоа е благородниот пат на Христовото учење од кој не треба да скршнуваме. Потребна ни е Христовата мир и љубов во нашите срца за да ја спознаеме вистината. Потребно ни е неговата верба и трпение за да ги надминеме сите меѓусебни недоразбирања и конфликти.

Почитувајќи и тргнувајќи од Христовите пораки, Денот на Христовото воскресение е време кога треба да се просветлиме и братски да се прегрниме. Време е да се здружиме сите Македонци и во љубов да ја поддржиме Македонската православна црква која досега била и ќе биде носител на највисоките морални вредности. Само со почитување на овие вредности и љубов кон татковината можеме да добиеме простување и спасение. Само со верата во Бога, можеме да ја направиме Македонија посреќно место за живеење на сите нејзини граѓани.

Иако се случило во тајност, Христовото воскресение е историски настан кој со аргументи го посведочиле апостолите. Но, Христовото воскресение можат да го почуствуваат и да сведочат само духовно подготвените, а не оние кои се противници на Христовото учење.

Постојат лица кои го оспоруваат и негираат Воскресението, како што го негираат и македонскиот народ. За нив ништо не е свето, а анархијата и злото е единствен свет во кој можат да егзистиираат.

Простувањето, кое извира од љубовта и раѓа нова и зголемена љубов преставува единствено оружје против искушенијата на злото и непријателите, а тоа му дава најголема вредност на еден народ.

Македонецот треба да одбере и да се обедини под светиот крст и етичките норми. Само така, обединети и сакајќи ја својата татковина, почитувајќи и бранејќи го правото, еднаквоста пред Уставот и законите, ќе го победи  и прочисти злото од својата земја.

Време е македонскиот народ да зачекори гордо и одговорно по патот на праведноста и чесноста. Зошто Воскресението Христово претставува возвишен дар исполнет со вистинска светлина, радост и среќа за македонскиот народ.

Честит и вековит да е големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и нека донесе во секој македонски дом мир, љубов, среќа и надеж во животот.

Христос воскресе, навистина воскресе!

Македонска нација

Најново од: На прво место

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

To top