На прво место

Демократија по СДС-овски начин

Во СДС очигледно веќе нема политичка дебата, туку има список за етикетирање. Секој што има поинакво гледање за иднината на партијата, секој што јавно ќе каже дека СДС тоне, секој што ќе побара промена, одговорност или внатрепартиска демократија, веднаш станува „човек на Мицкоски“ и „играч на ВМРО-ДПМНЕ“.

Тоа е новата демократија по СДС-овски начин: ако молчиш – си добар. Ако зборуваш – си купен. Ако предупредуваш дека партијата пропаѓа – работиш за ВМРО-ДПМНЕ. Ако бараш одговорност – си саботер.

Најнов пример е Андреј Петров, довчерашен висок функционер на СДС, кој по настапот кај Васко Ефтов се најде на удар од своите сопартијци. Најмногу ги погоди неговата оценка за Венко Филипче, дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори“. Наместо политички одговор, следуваше напад. Наместо анализа, етикета. Наместо аргументи, нервоза.

Богданка, во име на Венко, заклучи дека „Андреј Петров не е никаков реформатор“. Претходно, Игор Ивановски – Шема беше прогласен за саботер. И тој, според логиката на СДС, бил купен од Мицкоски. Нормално. Во таа превртена партиска математика, ако некој не сака СДС да продолжи да се урнисува по рецептот на Заев, тогаш мора да е против СДС.

Така беше и со Шилегов. Така беше и со Деспотовски. Така беше и со Петар Арсовски. Списокот е долг, предолг. И секогаш истата приказна: виновни се сите што зборуваат, само не оние што ја доведоа партијата во состојба на тешка опозиција, без најмала гаранција дека на следните избори ќе добие глас повеќе од претходните гласања.

Прашањето е едноставно: ако секој што сака СДС да не пропадне е „купен од Мицкоски“, тогаш дали според СДС-овската логика Христијан Мицкоски сака да ја спаси СДС?

Апсурдот станува уште поголем кога партија која зборува за демократија не може да поднесе различно мислење во сопствените редови. Наместо внатрешна дебата, има пресметка. Наместо реформи, има дисциплинирање. Наместо отворен разговор за поразот, има обид вината да се префрли врз оние што предупредуваат.

СДС не се соочува со проблем затоа што некој однадвор ја руши партијата. СДС се соочува со проблем затоа што со години ја рушеше довербата одвнатре. Граѓаните не ги казнија случајно. Членството не е разочарано случајно. Падот не е резултат на туѓа завера, туку на сопствени грешки, погрешни политики и ароганција.

И сега, кога дел од старите кадри јавно велат дека нешто не е во ред, наместо да бидат слушнати, тие се прогласуваат за непријатели. Тоа не е демократија. Тоа е страв. Страв од избори, страв од гласање на дијаспората, страв од членството, страв од вистината и страв од прашањето кој навистина ја донесе СДС до ова дереџе.

Најново од: На прво место

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

22 октомври – Денот кога се исправала неправдата кон Методија Андонов-Ченто

На 22 октомври 1990 година била укината пресудата против првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дваесет години подоцна, на истиот датум, Република Македонија посмртно му го доделила највисокото државно одликување. Во македонската историја, името на Методија Андонов-Ченто останува поврзано со создавањето на современата македонска држава, но и со неправдата што ја доживеал по нејзиното ослободување. […]

Филипче е добра вест за ВМРО-ДПМНЕ. Но дали е добра вест за Македонија?

Додека раководството за СДС слави за четвртото место, останува прашањето кој ќе ја преземе одговорноста за поразот. Сè додека Венко Филипче го води СДС на овој начин, ВМРО-ДПМНЕ има добра причина спокојно да ги очекува следните избори. Опозиција што по четврто место зборува за успех му ја олеснува работата на секој политички противник. Но она […]

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Методија Андонов-Ченто беше и остана во срцата на македонските патриоти. Ченто – идеалот за слободна Македонија Од архивата на „Македонска нација“ Пишува: Драган Богдановски Во продолжение пренесуваме јазично уредена верзија на текстот на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Зачувани се основната авторска порака и критичкиот тон, со корекции […]

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел

Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 до 16 октомври 2026 година. Делегацијата ја предводеше […]

To top