На прво место Дијаспора

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина

Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD).

Осум млади Македонци од дијаспората успешно ја завршија тринеделната програма, чија цел е да им овозможи на младите со македонско потекло подобро да ја запознаат Македонија преку професионална пракса, културни искуства и средби со институции и претставници на јавниот живот.

На завршната свеченост беа одбележани достигнувањата на учесниците, но и пријателствата што ги создадоа и врската што ја изградија со својата прадедовска земја.

На настанот присуствуваа ментори и претставници на компаниите и институциите кои беа домаќини на практикантите, меѓу кои Костал Македонија, АД Охрид, Охридскиот завод и музеј, Kasarna Hub и Младинскиот центар Охрид, како и поранешни учесници во програмата, претставници на локалната заедница, поддржувачи и членови на македонската дијаспора.

Годинава, за првпат, програмата беше базирана во Охрид, што им овозможи на учесниците одблиску да го запознаат едно од најзначајните културно-историски подрачја во Македонија. Тие ги посетија знаменитостите под заштита на УНЕСКО, меѓу кои Самоиловата тврдина, Плаошник, Античкиот театар и црквата „Св. Јован Канео“, како и Заливот на Коските, манастирот „Св. Наум“ и Трпејца.

Во рамките на програмата беа организирани и патувања во Скопје и Битола. Учесниците ги посетија Кањонот Матка, Водно, Скопското Кале, Старата скопска чаршија и плоштадот „Македонија“, а во Битола ги разгледаа црквата „Св. Димитрија“, Саат-кулата, Музејот на Битола и Широк Сокак.

Нивното културно патување заврши со присуство на традиционалната Галичка свадба, каде што имаа можност да ги доживеат вековните македонски обичаи, народната музика, ората и прочуеното „Тешкото“ во неговата автентична средина.

Покрај професионалната пракса, секоја среда беше посветена на образовни и културни активности преку иницијативата „Outside the Office Wednesday“. Во тој дел од програмата младите се сретнаа со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, ја посетија Општина Охрид и разговараа со претседателот на Советот на Општина Охрид, Кирчо Божиноски, за унапредување на врските меѓу Македонија и дијаспората. Тие се сретнаа и со митрополитот дебарско-кичевски Георгиј, а ги посетија и Музејот на македонската борба за самостојност, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Археолошкиот музеј и гробот на Гоце Делчев.

Со годинашното издание, Birthright Macedonia одбележува десет години континуирано постоење. Од почетокот на програмата досега учествувале повеќе од 70 млади Македонци од Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Обединетото Кралство, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Нов Зеланд, Германија, Унгарија и други земји.

Преку долгогодишната соработка меѓу Обединетата македонска дијаспора (UMD) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), програмата продолжува да им овозможува на Македонци од втората, третата и четвртата генерација во иселеништвото да ја посетат својата татковина, честопати за првпат, и да ја запознаат нејзината историја, култура и традиции.

По завршувањето на програмата, учесниците се враќаат во САД, Канада, Австралија, Унгарија и Германија, носејќи со себе не само професионално искуство, туку и нови пријателства, незаборавни спомени и уште посилна поврзаност со Македонија.

Најново од: На прво место Дијаспора

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

To top