На прво место

Дизелот поевтинува за 7 денари, поевтинуваат и бензините – Мицкоски очекува пониски цени на храната, без оправдувања!

Намалувањето на цените на горивата треба директно да се одрази врз транспортните трошоци и врз цените на основните прехранбени производи, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати. Според новата одлука, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,5 денари и ќе се продава по 84 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4 денари и ќе чини 86 денари за литар. Цената на дизелот се намалува за 7 денари по литар и ќе изнесува 80,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по максимална цена од 79,5 денари за литар. Намалување бележи и мазутот.

Граѓаните во наредниот период ќе плаќаат значително поевтини горива, откако цената на дизелот е намалена за седум денари по литар, а пониски се и цените на бензините. Владата очекува ова намалување да има директен ефект врз трошоците за транспорт и дистрибуција, а со тоа и врз цените на храната и другите производи од секојдневната потрошувачка.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека повеќе нема простор за оправдувања од страна на трговците и дистрибутерите кога станува збор за високите цени на храната.

„Кога горивата растеа, тоа беше едно од главните образложенија за поскапувањата. Денес, кога дизелот е поевтин за седум денари, а бензините исто така бележат намалување, логично е граѓаните да очекуваат пониски цени и на производите што секојдневно ги купуваат“, посочи Мицкоски.

Според економските анализи, транспортните трошоци претставуваат значаен дел од крајната цена на многу производи, особено кај прехранбените артикли. Затоа, намалувањето на цените на горивата треба да придонесе за дополнително намалување на инфлаторните притисоци и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Владата најавува дека внимателно ќе ги следи движењата на пазарот и ќе очекува компаниите да постапат одговорно кон потрошувачите. Од институциите порачуваат дека целта е придобивките од поевтините енергенси и горива да се почувствуваат и во семејните буџети.

Граѓаните со право очекуваат намалувањето на цените на горивата да не остане само бројка на бензинските пумпи, туку да се преслика и во маркетите. Доколку досега високите цени на нафтата беа аргумент за поскапувањата, тогаш сега постои јасна економска логика цените на храната да почнат да се движат во спротивна насока. Владата очекува конкретни резултати, а не нови изговори.

Најново од: На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

To top