На прво место

Филипче подготвен за нови отстапки наместо цврста одбрана на националните интереси

Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт

Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои се оспоруваат македонскиот идентитет, македонскиот јазик и историската посебност на македонскиот народ, Венко Филипче молчи и ја убедува јавноста дека нема причина за загриженост.

Наместо јасно да ги брани државните и националните интереси и да бара цврсти гаранции од европските партнери, Филипче испраќа сигнали дека е подготвен да прифати барања кои мнозинството граѓани ги сметаат за неправедни, навредливи и понижувачки.

СДС повторно не настапува државнички. Наместо заштита на националните позиции, нуди политика на попуштање и капитулација пред бугарските барања.

Тоа е истата матрица што јавноста веќе еднаш ја виде. Зоран Заев со години уверуваше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки политички последици и големо разочарување кај македонскиот народ.

Денес Венко Филипче оди по истиот пат. Прво ги релативизира бугарските позиции, а потоа ќе се обидува да ги претставува нивните барања како разумни, неизбежни или европски.

Филипче не нуди визија за заштита на државните интереси. Не нуди стратегија за одбрана на македонските национални позиции. Наместо тоа, нуди политика на сервилност, попуштање и прифаќање на туѓи диктати, само за да обезбеди политичка поддршка и да се доближи до власта.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на ставот дека македонскиот идентитет, македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура не се предмет на уцени, преговори или политичка трговија. Ниту една власт нема право да преговара за темелите на македонската државност и националниот опстанок.

Македонија не е на продажба. Националното достоинство нема цена, а идентитетот не смее да биде валута за нечии политички амбиции.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top