На прво место

Лефков: Сите напади на СДС паѓаат во вода – Македонија доби најголема финансиска поддршка за Реформската агенда

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во гостување во емисијата „Анализа“ на ТВ 24, истакна дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, особено по одлуката на Европската комисија Македонија да добие 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда.

Лефков посочи дека претходната власт, предводена од СДС, со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес.

„Сите напади на опозицијата и на Венко Филипче постепено, еден по еден, паѓаат во вода. Не може истиот лидер на опозицијата, кој ѝ честиташе на бугарската влада, да ја напаѓа сопствената влада. Тој истиот денеска подава рака, кога едно билатерално прашање, без консензус и без разговори, стана наш проблем и ќор-сокак во кој, за жал, сме втурнати поради политиките на СДС и оние кои ја водеа надворешната политика“, рече Лефков.

Тој оцени дека понудите од опозицијата се лицемерни и дека позициите на Владата во однос на евроинтегративниот пат се јасни, аргументирани и поддржани од народот.

„Лицемерни се овие понуди и ова навраќање на истата реторика. Патот кон Европската Унија ќе го одиме со реформи, достоинствено и без да дозволиме понижување. Нема да дозволиме повторно да се доживее уште едно национално понижување. Нашите позиции се јасни, добро аргументирани и поддржани од народот. Одбиваме уставни измени без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка“, истакна Лефков.

Тој додаде дека најновата финансиска поддршка од Европската комисија е директен демант на тврдењата на опозицијата дека нема напредок во реформите.

„Факт е дека Европската комисија на Македонија ѝ додели 65,7 милиони евра, што е најмногу од сите земји во регионот. За споредба, Србија доби околу 15-16 милиони евра за имплементирање на програмите од Реформската агенда. Тоа е токму истата Реформска агенда за која Венко Филипче и опозицијата тврдеа дека не се случува ништо и дека нема никаков напредок“, рече Лефков.

Со ова, според него, се потврдува дека Владата води политика заснована на реформи, достоинство и заштита на националните интереси, додека критиките на СДС сè повеќе се соочуваат со фактите.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top