На прво место

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста

На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава.

Референдумското прашање гласеше:

„Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

На референдумот излегоа 1.132.595 граѓани, односно околу 76 отсто од запишаните избирачи. Од нив, 1.079.308 граѓани гласаа „за“, со што јасно и недвосмислено беше изразена волјата за независна Македонија.

Истата вечер, пред насобраните граѓани на плоштадот „Македонија“ во Скопје, првиот претседател Киро Глигоров го честиташе создавањето на слободна, суверена и самостојна Македонија.

Резултатите од референдумот беа потврдени од Собранието на Република Македонија на 18 септември 1991 година, а на 17 ноември беше донесен и новиот Устав. Оттогаш 8 Септември се одбележува како Ден на независноста на Македонија – еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја.

8 септември 1991 година – Македонската дијаспора ја поддржа независноста

Истовремено со референдумот во Македонија, Македонците во дијаспората организираа референдумски изјаснувања и манифестации во повеќе европски и прекуокеански центри.

Особено успешно беше изјаснувањето во Берлин, каде што повеќе од 97 отсто од излезените Македонци гласаа за независна македонска држава. Со собири, декларации и други активности, македонското иселеништво ја изрази својата поддршка за остварувањето на вековниот стремеж за слободна и независна Македонија.

8 септември 1995 година – Семинар за Македонија во Берлин

На 8 септември 1995 година во Берлин се одржа семинар посветен на Република Македонија и нејзината европска иднина. На собирот учествуваа дипломати, политичари, новинари и претставници на македонската дијаспора.

Настанот придонесе за запознавање на германската јавност со положбата на Македонија, нејзините државни интереси и стремежот за меѓународна интеграција.

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

Нека е вечна, слободна и горда Република Македонија!

Најново од: На прво место

Свети великомаченик Димитриј Солунски, Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

To top