На прво место

Мицкоски пред Атлантскиот совет: Имаме јасен план и чекор по чекор ги реализираме поставените цели

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантскиот совет во Вашингтон зборуваше за визијата на Владата, преземените обврски, стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и позицијата на Македонија како членка на НАТО.

Мицкоски нагласи дека во политиката, како и во животот, најважно е дадениот збор да има тежина и преземените обврски да бидат исполнети.

„Во политиката, како и во животот, најважно е зборот да има тежина. Кога преземаме обврска, тогаш работиме таа да биде исполнета. Граѓаните заслужуваат искрен пристап, конкретни планови и резултати, а не импровизации и празни ветувања“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека Македонија е одговорен и посветен сојузник во НАТО, кој ги исполнува преземените обврски и придонесува кон зајакнувањето на безбедноста и стабилноста.

Во интервјуто Мицкоски посочи дека Владата има конкретен план за исполнување на обврските во рамките на НАТО. Според неговите изјави, планот предвидува до 2035 година издвојувањата за одбраната да достигнат 3,5 проценти, дополнети со 1,5 проценти инвестиции во стратешка инфраструктура, меѓу која автопати, железници и енергетски преносни системи.

Премиерот се осврна и на односите со САД, нагласувајќи дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави се гради со децении и дека Вашингтон го смета за најсилниот сојузник на земјата.

„Имаме јасен план, имаме определена насока и чекор по чекор работиме за реализација на целите кои ги поставивме за посилна, побезбедна и просперитетна Македонија“, порача Мицкоски.

Интервјуто во Атлантскиот совет се одржа во рамките на посетата на премиерот Мицкоски и владината делегација на Соединетите Американски Држави. Во Вашингтон се предвидени средби со претставници на Сенатот, Конгресот, Стејт департментот, финансиската институција DFC и американски тинк-тенк организации.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top