На прво место

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции

Мицкоски со Каролајн Вик од DFC: Разговори за Чебрен и Галиште, инфраструктура, енергетика и американски инвестиции

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на работната посета на Соединетите Американски Држави оствари значајна средба со Каролајн Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC.

Станува збор за американска развојна финансиска институција со инвестициски капацитет од околу 205 милијарди долари, која претставува еден од инструментите на САД за мобилизирање приватен капитал и поддршка на инвестиции во стратешки сектори ширум светот.

На средбата се разговарало за можностите за продлабочување на економската соработка и за потенцијални инвестиции во Македонија, особено во енергетиката, инфраструктурата, високите технологии и податочните инвестиции.

Посебно внимание било посветено на можноста DFC да учествува во финансирањето на големите енергетски проекти „Чебрен“ и „Галиште“.

Мицкоски, во интервју за МИА од Вашингтон, појасни дека со Вик било разговарано и за други инфраструктурни и енергетски проекти, како и за можноста за привлекување приватни американски инвестиции во Македонија. Според премиерот, меѓу Владата и DFC е воспоставен канал за натамошна комуникација околу потенцијалните проекти.

Во фокусот на разговорите се и крупните инфраструктурни зафати – гасоводната мрежа, автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, како и железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10.

DFC веќе има ангажман во Македонија преку грант од 5 милиони долари за развој на проектот поврзан со антимонот во Крстов Дол, кај Луке во Кривопаланечко, а Мицкоски оцени дека постои голем интерес за проширување на соработката.

Средбата со Каролајн Вик е дел од серијата разговори што македонската владина делегација ги оствари во Вашингтон со претставници на американските институции, Конгресот, финансиски организации и економскиот сектор, со цел стратешкото партнерство со САД да се прошири и преку конкретни економски и инвестициски проекти.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top