На прво место Култура и туризам

На Марена 30 јули (Четврток) во 9 часот, сите патишта нека водат кон Зубовце – заедно да го пречекаме Светиот Крст од Ерусалим

Црковен Одбор-село Зубовце

 

Повик до сите Зубовчани, до жителите на соседните села и до сите пријатели во Македонија

 

На 30 јули, четврток, со почеток во 9 часот, Зубовце ќе живее во знакот на верата, традицијата и заедништвото. Дојдете заедно да ја прославиме селската слава „Света великомаченица Марина“ – „Света Огнена Марија“, во народот позната како Марена, и свечено да го пречекаме Светиот Крст од Ерусалим.

Драги Зубовчани, каде и да сте, дојде денот повторно да се вратиме во родното село, да се собереме како едно големо семејство и заедно да ја прославиме нашата селска слава Марена.

Ги покануваме и сите жители на соседните села, сите наши роднини, пријатели и добронамерници од цела Македонија да бидат дел од овој историски и благословен ден.

На празникот Света Огнена Марија, храмот „Света Огнена Марина“ во Зубовце ќе биде место на голема духовна радост.

Заедно ќе го пречекаме Светиот Крст, благословен на Каменот на Помазанието во Црквата на Светиот Гроб Господов во Ерусалим – едно од најсветите места на христијанството, каде што, според преданието, било положено телото на Господ Исус Христос по симнувањето од Крстот.

На овој свет ден и на овој возвишен духовен чин се очекува да присуствуваат Неговото Блаженство, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, надлежниот архијереј на Тетовско-гостиварската епархија, Митрополитот г. Јосиф, како и бројни свештенослужители.

Нивното присуство ќе му даде особена духовна величина на свечениот пречек и ќе претставува голема чест и благослов за храмот, за Зубовце и за сите верници што ќе бидат присутни.

Ова е ден што ќе остане запишан во историјата на Зубовце – ден кога верата, традицијата и љубовта кон родниот крај повторно ќе нè соберат под покривот на нашиот храм.

Марена отсекогаш била ден на средби – ден кога печалбарите се враќале дома, кога се собирале семејствата, кога се склучувале бракови и пријателства и кога низ целото село одекнувале песна и смеа.

Да ја продолжиме таа света традиција и годинава, со уште поголема љубов, вера и заедништво. Со песна, музика и отворено македонско срце да ги пречекаме сите што ќе дојдат заедно со нас да ја споделат радоста на Марена.

Да го исполниме дворот на храмот и селските улици со насмевки, молитви и радост. Да покажеме дека Зубовце знае да го чува своето духовно и културно наследство и дека најголемата сила на едно село е во единството на неговите луѓе.

Дојдете со своите семејства. Повикајте ги своите деца, роднини и пријатели. Нека секој што чувствува љубов кон верата, традицијата, родниот крај и Македонија биде дел од овој свечен и благословен ден.

На 30 јули, во 9 часот, сите патишта нека водат кон Зубовце!

Добредојдовте на Марена!

Добредојдени ете заедно да го пречекаме Светиот Крст од Ерусалим!

Нека Света Огнена Марија-Марена ги благослови сите наши домови, сите семејства, Зубовце и во цела Македонија!

АМИН!

Најново од: На прво место Култура и туризам

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

To top