На прво место Историја

Никола Тесла во Македонска носија и македонски врски?

Никола Тесла – научниот гениј кој го осветли светот

Никола Тесла е еден од најголемите научници и пронаоѓачи во историјата на човештвото. Неговите откритија во областа на електротехниката, наизменичната струја, електромагнетизмот и безжичниот пренос на сигнали ги поставија темелите на современиот технолошки свет. Поради огромното влијание на неговото дело, современите автори го нарекуваат „човекот што го измислил дваесеттиот век“.

Тесла е роден на 10 јули 1856 година во селото Смиљан, во Лика, тогаш во составот на Австриската Империја. Потекнувал од православното семејство на свештеникот Милутин Тесла и Георгина – Ѓука Мандиќ. Имал еден брат, Дане, и три сестри – Ангелина, Милка и Марица.

Уште од најраните години покажувал необична дарба, силна фантазија и исклучителна заинтересираност за природните појави. Школувањето го започнал во родното место, а го продолжил во Госпиќ и Карловац. Иако неговиот татко посакувал да стане свештеник, младиот Никола бил привлечен од природните науки и техниката.

Во 1875 година се запишал на Вишата техничка школа во Грац, а подоцна престојувал и во Прага. Пресвртница во неговиот живот настапила во 1882 година, кога во Будимпешта дошол до идејата за обртното магнетно поле. Истата година се вработил во париската филијала на Едисоновата компанија, а во 1884 година заминал во Соединетите Американски Држави.

Во Њујорк кратко време работел во лабораторијата на Томас Едисон, но разликите во нивните научни и деловни погледи набргу довеле до разделување. По напуштањето на Едисон, Тесла се посветил на усовршувањето на полифазниот систем на наизменична струја.

Неговото предавање „Нов систем на мотори и трансформатори на наизменична струја“, одржано во 1888 година, го привлекло вниманието на американскиот индустријалец Џорџ Вестингхаус. Откупувањето на патентите на Тесла овозможило неговите пронајдоци да добијат широка практична примена.

Тесла оставил длабока трага и во развојот на радиотехниката, високофреквентните струи, далечинското управување и безжичниот пренос на енергија и сигнали. Неговите визионерски идеи во голема мера го најавиле технолошкиот развој на современиот свет.

Тој бил и голем поборник за мир, човечка слога и користење на науката за доброто на човештвото. Иако за време на животот често се соочувал со финансиски тешкотии.

Од каде му е Македонска народна мијачка носија?

Особено внимание привлекува фотографија која го прикажува младиот Никола Тесла во македонска народна – мијачка носија, околу 1880 година.

Фотографијата отвора интересни прашања за околностите во кои била направена и за можните допири на Тесла со македонската традиција.

Во дел од публицистиката се среќаваат и тврдења дека подалечните корени на семејството Тесла водат до селото Извор, кај Богомила, во Македонија. Според овие тврдења, семејниот прекар Тесла, односно Тесличкови, се поврзува со предок по татковата линија.

Се изнесуваат и наводи дека Никола Тесла одржувал врски со роднини од Македонија и дека со нив се допишувал.

Со Македонија се поврзува и името на Михајло Пупин, современик на Тесла и истакнат научник и пронаоѓач. Во одделни текстови неговото семејно потекло се доведува во врска со Вевчани.

Никола Тесла често со роднините се допишувал и на македонски јазик. Исто така и неговиот најблизок соработник, Михајло Пупин, кој беше со македонско потекло од фамилијата Пупинови од Вевчани, Струшко, во исто време се допишувал со фамилијата како и Никола Тесла и на македонски јазик.

Пупин праќај писма, пакети, испратил како негов поклон и камбанарија за црквата во неговото село Вевчани, како и ја подалир познатата камбанаријата во дворот на црквата Св. Климент во Охрид.

Инаку Никола Тесла и Михајло Пупин заедно работеле на првата хидроцентрала во светот и градење на првата дистрибуција со далноводи, сега таа мрежа е светска. Ако појдете кај Нијагара, упатете се кон долгиот мост – границата помеѓу Канада и Соединетите Американски Држави. Таму биле лабораториите, архивите, писмата до своите роднини и сѐ друго.

Никола Тесла починал на 7 јануари 1943 година во Њујорк. Зад себе оставил огромно научно наследство, стотици патенти и идеи што продолжуваат да ги поттикнуваат истражувачите. Неговото дело ги надминува националните граници и му припаѓа на целото човештво.

Најново од: На прво место Историја

Во спомен на Македонците кои не се вратија во својата татковина

„Илустрација на споменикот посветен на Македонците кои својот нов дом го најдоа во Полска, според најавата за свеченото откривање во Полице.“ Петро Алексовски, кој живее и твори во Полска, е автор на споменикот, на документарниот филм „Македонецот“ и на изложбата „Мајко мила“. На 19 ноември 2026 година, во 11:00 часот, на гробиштата во Полице, Полска, […]

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

To top