На прво место

Да не згасне споменот за децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејскиот дел на Македонија.

Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски – Македонец кој живее и твори во Полска. Преку фотографии, уметнички дела, сведоштва и вистински човечки судбини, настанот ќе нè потсети на едно од најболните поглавја од поновата македонска историја.

Пред повеќе од седум децении, во виорот на војната и човечкото страдање, илјадници македонски деца биле насилно одделени од своите родители, домови и од сопственото детство. Заминале не знаејќи каде ги водат, дали повторно ќе ги видат своите мајки и татковци и дали некогаш повторно ќе зачекорат по патеките на родното место.

Нивни нови домови станале далечни и непознати земји – Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и други држави. Таму пораснале, создале семејства и изградиле нов живот. Но никогаш не ги заборавиле своите македонски корени – мирисот на родната земја, песните од детството, мајчиниот глас, името на своето село и детскиот џагор што засекогаш останал по ливадите и селските дворови.

Многумина цел живот го носеле во срцето прашањето: Ќе се вратиме ли некогаш дома?

„Патување кон корените“ не е само изложба и проекција на документарен филм. Тоа е патување низ нашата заедничка меморија – приказна за разделбата и страдањето, но и за надежта, истрајноста, љубовта кон татковината и духовното враќање кон корените.

Манифестацијата ги оживува нивните спомени не за да останеме заробени во минатото, туку за да ја сочуваме вистината и да им ја пренесеме на идните поколенија. Зашто народ што ги помни своите деца, своите рани и своите корени никогаш не може да биде избришан од историјата.

Ги покануваме сите граѓани, потомци на прогонетите деца, СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОН, Светскиот Македонски Конгрес, историчари, истражувачи, културни работници, ученици, студенти и сите што ја почитуваат историската вистина да бидат дел од ова достоинствено сеќавање.

Дојдете заедно да им оддадеме почит на децата што прерано биле одделени од мајчината прегратка и родниот дом. Да ги слушнеме нивните приказни, да ја почувствуваме нивната болка и да покажеме дека нивното страдање не е заборавено.

23 септември во 18.30 часот – Меморијален центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Скопје

Дојдете да патуваме заедно кон корените – во чест на децата што биле принудени-прогонети да заминат, но никогаш не престанале да ја носат Македонија во своите срца.

Предвидено е манифестацијата „Патување кон корените“ да биде претставена на 24 септември  во Охрид и во други градови низ Република Македонија.

Најново од: На прво место

Кога арамијата бега и вика: „Држете го арамијата!“

Секоја власт мора да биде контролирана. Но заминувањето во опозиција не ја брише одговорноста за годините поминати на власт. Пред да делат обвиненија, од СДС треба да одговорат за аферите, неисполнетите ветувања, платените пенали и проектите што со години остануваа недовршени. Народот одамна ја препознал тактиката: крадецот бега, а истовремено вика „Држете го крадецот!“ Се […]

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Од завршниот митинг во Брвеница, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка за Стојанчо Радичевски, порача дека политичарите треба да се оценуваат според делата и најави соработка меѓу Владата и општината за решавање на потребите на граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на завршниот митинг во општина Брвеница во рамките на предвремените локални избори, […]

Нов резервоар во Ростуше, обновени улици и реконструкција на спортската сала „Македонија“

Инфраструктурни вложувања, финансиска поддршка за семејствата и младите, подобри услови во училиштата и развој на туризмот се приоритетите што ги претстави градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, во отчетот за досегашната работа. Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, на прес-конференција ги презентираше реализираните проекти, активностите што се во тек и плановите […]

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

To top