На прво место

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен.

Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена.

Од Зубовце, коњаниците ќе минат низ Тумчевиште, Гостивар, манастирот „Св. Јован Бигорски“, Јанче, Галичник, бачилата на Бистра – Салтаница, Сулумуница и Раштанец, манастирот во Кнежино, Кичево, Вранештица и Цер, за на крајот достоинствено да пристигнат во Крушево и да се поклонат пред бесмртното дело на илинденците.

Коњаницата и годинава ќе биде дел од традиционалната десетдневна прослава на Крушевската Република, носејќи го духот на слободата, честа и непокорот кон легендарниот Мечкин Камен.

Овој пат не е само патување низ македонските планини, туку патување низ историјата. Секој удар на копитата, секој развеан македонски барјак и секој чекор кон Крушево потсетуваат дека слободата никогаш не била подарена, туку изборувана со крв, вера и љубов кон татковината.

Патот на Црешовото Топче е жив споменик на Илинден. Тој ги поврзува поколенијата и потсетува дека идеалите на илинденците сè уште живеат во срцето на македонскиот народ.

Во здружената коњаница учествуваат коњаници од Гостиварско и Скопје, коњаницата „Илинден“ од селото Радово – Струмичко, „Костурска чета“ од Битола, како и коњаници од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево и Радовиш.

Коњичкиот марш – повик за македонско единство

Оваа година коњичкиот марш е посветен на македонското единство и претставува искрен повик до политичките партии, институциите и целиот македонски народ да се обединат околу она што е најсвето и што им припаѓа на сите поколенија – Македонија.

Илинденците и асномците не се делеле според партии, функции и лични интереси. Тие биле обединети од една голема цел – слободна, самостојна и достоинствена македонска држава. За тој идеал се бореле, страдале и ги положувале своите животи.

Благодарение на нивната борба и жртва, денес на еден дел од историска Македонија имаме слободна и самостојна држава. Таа не е подарок, туку наследство платено со крвта, солзите и страдањата на многу македонски поколенија.

Нашата должност е да ја чуваме, да ја градиме и да им ја оставиме на нашите потомци посилна, послободна и подостоинствена. Како што предците ни ја оставиле нам како свет Аманет, така и ние мора да им ја предадеме на идните генерации.

Нека секој удар на копитата по Патот на Црешовото Топче биде повик за слога, единство и верност кон Македонија.

Кога коњаницата ќе се појави на Мечкин Камен, таа нема да биде само група јавачи, туку жива врска меѓу минатото и сегашноста и доказ дека Илинден не е само датум во календарот, туку вечен оган што продолжува да гори во душата на Македонија.

Да ја чуваме, да ја градиме и да им ја оставиме на нашите потомци, како што нашите предци ни ја оставиле нам.

Тоа е нашиот долг. Тоа е нашиот завет. Тоа е нашиот аманет кон Македонија.

Затоа, кога коњите ќе тргнат по планинските патишта, со секој удар на нивните копита нека одекнува:

За кого? – За Македонија!

Никогаш Северна – само Македонија!

МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА

 

26 јули 2026 (недела)

  • 08:30 – Средба на коњаниците пред гробиштата во с. Зубовце.
  • 10:30 – Пристигнување во с. Тумчевиште.
  • 14:00 – Дочек пред црквата во центарот на Гостивар.
  • 16:00 – Тргнување кон Бигорскиот манастир, по патот по кој било пренесено првото Црешово Топче како поддршка на илинденските востаници.

27 јули 2026 (понеделник)

  • 10:00 – Литургија, благослов и заклетва во Бигорскиот манастир.
  • 11:00 – По благословот, тргнување кон Јанче.
  • 12:00 – Пристигнување во Јанче и продолжување кон Галичник.
  • 13:30 – Пристигнување во Галичник.
  • 15:30 – Поаѓање од селската ливада кон бачилото Салтаница.
  • 20:00 – Пристигнување во бачило Салтаница.

28 јули 2026 (вторник)

  • 07:00 – Поаѓање од бачило Салтаница покрај бачилото Сулумуница.
  • 11:00 – Пристигнување во бачило Раштанец.
  • По кратка пауза, продолжување кон манастирот Кнежино.
  • 16:00 – Пристигнување во манастирот Кнежино.

29 јули 2026 (среда)

  • 08:00 – Поаѓање од манастирот Кнежино кон Крушино.
  • 09:00 – Пристигнување во Крушино.
  • 10:00 – Влегување во Кичево,
  • 11.00 — Благослов во црквата и продолжување кон Вранештица.
  • 12:00 – Продолжување покрај Општата болница во Кичево, преку Србјани и Староец.
  • 16:00 – Пристигнување во црквата „Св. Илија“ во Вранештица.

30 јули 2026 (четврток)

  • 11:00 – Поаѓање кон селото Цер, преку Турла и селото Црско.
  • 15:00 – Пристигнување во Цер.

31 јули 2026 (петок)

  • 09:00 – Поаѓање од Цер кон Крушево, преку Пуста Река, Долно Дивјанци и Арилево.
  • 14:30 – Пристигнување на езерото во Крушево, во кампот на коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, каде што започнуваат подготовките за големата илинденска прослава на 2 Август на  Мечкин Камен.

Додека има коњаници што го минуваат овој свет пат долг околу 200 км. ќе живее и заветот на Илинден – Македонија ќе има кој да ја памети, да ја сака и да ја брани.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top