На прво место

Преку Франкфурт до Рим на продолжен викенд, Филипче се врати во Скопје и во улога на партиски портпарол глуми грижа за државата и граѓаните

Венко Филипче, по враќањето од продолжен викенд во Рим преку Франкфурт, повторно настапи во јавноста во улога на партиски портпарол, изразувајќи загриженост за состојбите во државата и животниот стандард на граѓаните.

Филипче беше дел од владата предводена од Зоран Заев, период кој опозицијата го оценува како време на економски пад, институционални слабости и влошен животен стандард. Според критиките, токму во тој период значителен дел од граѓаните се соочиле со финансиски потешкотии и намалени приходи.

Како министер за здравство за време на ковид-пандемијата, Филипче се најде под сериозни обвинувања од страна на опозицијата за начинот на кој биле спроведувани јавните набавки. Особено внимание предизвикаа тендерите за модуларните болници, по трагичниот пожар во Тетово, каде животот го загубија 14 лица. Критиките се однесуваат на квалитетот на изведбата и стандардите кои биле применети.

Дополнително, според обвинувањата, спорни биле и одлуките поврзани со набавката на вакцини, како и одредени здравствени услуги и приватизациски процеси во здравствениот сектор. Во јавноста беа отворени и прашања за потенцијални судири на интереси и транспарентност во работењето.

Во политички контекст, се посочува и на контроверзии поврзани со доделување државјанства и економски зделки, како и на обвинувања за врски со бизнис структури и странски инвеститори.

Од друга страна, актуелната влада предводена од Христијан Мицкоски, според владејачкото мнозинство, спроведува политики насочени кон економска стабилизација, заштита на стандардот на граѓаните и одржување на фискалната дисциплина.

Во однос на евроинтеграциите, ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува дека државата треба да продолжи кон членство во Европската Унија, но со зачувување на националните интереси и без прифаќање услови кои се оценуваат како неповолни.

Политичката дебата меѓу власта и опозицијата продолжува со засилен интензитет, особено околу прашањата за економијата, реформите и европскиот пат на државата.

Најново од: На прво место

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане со политичките претстави и да одговори за Алта банка

Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па […]

To top