На прво место

Сиљановска-Давкова од НАТО самитот во Анкара: Денес ни треба повеќе кантијанизам отколку макијавелизам

Претседателката порача дека најсилна Европа е онаа што живее во мир, демократија и почитување на принципите и вредностите, нагласувајќи дека проширувањето ја прави Европа посилна.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, обраќајќи се на НАТО самитот во Анкара, испрати порака за поголема посветеност на мирот, демократијата и владеењето на принципите, оценувајќи дека современиот свет има потреба од повеќе кантијански, а помалку макијавелистички пристап во меѓународните односи.

„Денеска ни треба повеќе кантијанизам отколку макијавелизам“, истакна претседателката, алудирајќи на филозофијата на Имануел Кант за траен мир и почитување на универзалните вредности, наспроти политичкиот прагматизам што најчесто се поврзува со Николо Макијавели.

Во своето обраќање, таа се осврна и на иднината на Европа и евроатлантската соработка.

„Денеска би сакала мотото „Посилна Европа, посилно НАТО“ да го надополнам со мислата дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилна Европа е Европа што живее во мир и демократија, заснована на принципи и вредности“, порача Сиљановска-Давкова.

Со оваа порака, претседателката ја нагласи важноста на европското единство, проширувањето на европското семејство и доследното почитување на демократските стандарди како предуслов за долгорочна стабилност и безбедност на европскиот континент.

Најново од: На прво место

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

To top