На прво место Култура и туризам

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Славе Катин

Славе Катин

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“.

Пред публиката беа прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, посветени на децата прогонети од Егејска Македонија.

Петро Алексовски е филмски режисер, снимател и документарист чие творештво се движи меѓу личното сведоштво и колективната меморија. Роден е во 1970 година во Гдањск, Полска. По потекло е Македонец — син на Мито Алексовски од селото Шештево, Костурско, кој по Граѓанската војна во Грција завршил во Полска. Петро своето филмско образование го стекнал на Филмската академија во Лоѓ и на Универзитетот во Катовице.

Преку своите филмови Алексовски отвора прашања за идентитетот, прогонството и заборавените траги на историјата. Неговиот документарен филм „Македонецот“ е посветен на судбината на неговиот татко, кој како дете бил прогонет од родниот крај. Истовремено, филмот раскажува и за тишината што со децении ги следела многу семејства.

Пред дваесетина години Алексовски решил да му ја раскаже на светот приказната на своето семејство. Желбата да ги сочува спомените постепено прераснала во проект што ги обединува филмот, фотографиите, сведоштвата и изложбата. Во рамките на „Патување кон корените“, проектот два дена беше претставуван во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, а потоа и во Охрид, каде што остави силен впечаток кај публиката.

Приказната на Петро Алексовски допира до судбината на генерации Македонци чии животи биле пресечени од војните, прогонствата и поделбата на Македонија.

Особено болно место во таа историја имаат децата од Егејска Македонија, кои во виорот на Граѓанската војна во Грција биле одвоени од своите домови и родни места.

Многумина пораснале далеку од родниот крај и создале семејства во други земји. Сепак, во себе ги зачувале спомените на родителите, домовите и детството што им било прекинато. Затоа „Патување кон корените“ означува и патување низ сеќавањето — обид преку фотографии, сведоштва, филм и изложба повторно да се поврзат деловите од една семејна и народна историја.

Филмот „Македонецот“ длабоко нè трогна. Нè потсети дека за некои историски страдања долго се молчело, иако нивните последици останале живи во семејствата на прогонетите. Затоа за нив треба да се зборува — без омраза, со почит кон сведоштвата и со историска одговорност.

Претставувањето на проектот во Македонија се реализира со поддршка на Амбасадата на Полска во Скопје, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, семејството на Петро — Гиго, Леко, Асиа и децата — како и дарители од повеќе земји. Според Алексовски, проектот има поддршка и од „Амнести интернешнл“, а за 2027 година е предвидена турнеја низ Франција.

Силен впечаток кај посетителите остави и изложбата „Мајко мила“. Преку фотографии, уметнички дела и сведоштва, таа ја доближи судбината на децата прогонети од Егејска Македонија. Пред повеќе од седум децении, илјадници деца биле одделени од своите родители и домови. Многумина заминале без да знаат дали повторно ќе ги видат мајките и татковците.

Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Советскиот Сојуз, Бугарија и други земји станале нивни нови домови. Таму пораснале и создале семејства, но го зачувале споменот за родниот крај, јазикот и своите македонски корени.

Токму затоа „Патување кон корените“ е можност нивните приказни повторно да бидат слушнати и пренесени на идните поколенија. Да паметиме за да им оддадеме почит на оние што страдале — и таквите судбини да се ПАМЕТАТ а никогаш да не се повторат.

Најново од: На прво место Култура и туризам

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

До кога ЕУ ќе ги лаже Македонците барајки влакно во јајцето!

Крајно време е Македонија да разгледува и други сојузи и партнерства во кои ќе биде почитувана. Во најновата објава за пакетот за проширување, од 4 ноември 2026 година, Европската комисија ја вбројува Македонија меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите од Реформската агенда во рамките на Инструментот за реформи и раст. Истовремено, повторно ги истакнува уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да реагира по член 315 од Кривичниот законик

ВМРО-ДПМНЕ, во реакција на изјавите на Богданка Кузеска, ја обвинува СДС дека свесно создава хистерија со цел да предизвика страв и несигурност кај граѓаните. Од партијата го повикуваат Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на делото саботажа. Во продолжение го пренесуваме соопштението: „СДС никако да престане со умисла […]

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Свети апостол Јаков, брат Господов – првиот епископ на Ерусалим

На 5 ноември, односно на 23 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети апостол Јаков, брат Господов. Според православното предание, свети Јаков бил син на праведниот Јосиф од неговиот претходен брак. Називот „брат Господов“ се поврзува со неговото место во семејството на Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

To top