На прво место

За првпат во Македонија: ВМРО-ДПМНЕ воведува дигитално зачленување и ажурирање на членството

Под мотото „Заедно за иднина – Приклучи се!“, ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и прием на нови членови.

Во периодот до 30 ноември, ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе процес со кој ќе направи уште еден значаен чекор во развојот на партијата, со цел изградба на посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и бројно членство. Силата на партијата се луѓето кои со децении се дел од неа, кои верувале и придонесувале и во најтешките периоди, но и новите генерации, кои носат знаење, идеи, енергија и желба активно да придонесат за иднината на Македонија.

Во таа насока, пораката на кампањата е јасна и едноставна:

„Обнови го членството, биди активен и биди дел од иднината.“

Почнувајќи од денес, во период од три месеци, секој постоечки член ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ ги отвора вратите за секој граѓанин кој ја прифаќа програмата на партијата и сака да се приклучи.

ВМРО-ДПМНЕ е партија отворена за нови знаења, вештини и енергија. Секој што има идеја, знаење, енергија и желба да придонесе има место во партијата.

Во рамките на процесот, за првпат во Македонија се воведува целосно дигитален начин на зачленување и ажурирање на партиското членство. За таа цел, ИТ-комисијата на партијата изработи веб-апликација, која веќе е ставена во функција во општинските комитети.

Мобилната верзија на апликацијата е доставена до „Гугл“ и „Епл“, а по нејзиното одобрување ќе биде достапна и за мобилните телефони.

Преку дигиталниот процес, пријавувањето, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдувањето на членството ќе можат да се завршат за само неколку минути, директно преку мобилен телефон.

Ова е уште еден чекор кон модерна, ефикасна и технолошки напредна ВМРО-ДПМНЕ, која се менува во согласност со времето и ги користи современите технологии за да биде поблиску до своите членови, до граѓаните и, пред сè, до новите генерации.

Сепак, во овој процес никој нема да биде оставен настрана. Дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин на зачленување и ажурирање на членството.

Секој што сака постапката да ја заврши лично ќе може да го направи тоа во општинските комитети. Од 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да се приклучат.

Како и досега, личните податоци ќе се обработуваат во согласност со важечките законски прописи за заштита на личните податоци.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите свои членови да го обноват и ажурираат членството, а сите граѓани кои досега не биле дел од партијата, но сакаат активно да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, да се приклучат.

Со овој процес се поврзуваат искуството и традицијата со новата енергија.

Твоето место е со нас, затоа што заедно сме посилни и заедно одиме напред.

Заедно за иднина – Приклучи се! За ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top