Песни за Македонија

Македонија до кај е

slavica-mitrovska-caci

Ќе гние во јад оној што корени ти брани
и тиранин клет што те растргна на три страни.
Плаче Егеј твоја колевка страдна
на огниште стара мајка за чеда свои гладна,
ги распрснаа душмани низ светови далечни,
зар за свое парче земја треба да се клечи,
гнијат ниви пусти, по своето патат
чекаат чеда свои на огниште да се вратат.
родна земја во тишина трае, а Егеј прашува
народе знаеш ли Македонија до кај е?
Плаче и Пирин по своето чедо
пусти ти домови уште од прадедо,
копнеж ечи од планина клета
духот на Јане уште низ неа шета,
скршија клетници патриотски стремеж
тежи од прогонства нејзиното бреме,
се слуша низ шумата жална ека
да се вратиш на огниште чедо пирин те чека.
Родна земја во тишина трае, а Пирин прашува
Народе знаеш ли Македонија до кај е?
И Пустец запустен си има рана
надеж скршена во срце стои збрана,
окови тешки носи, се бори сам
кој ли ви откорна родна грутка вам,
и вам ви пресудија некои други
во родна ви земја да бидете слуги,
и на твојот праг стои бол
и тебе те грабна тиранин зол,
запустен сиот и Пустец пати
и тој чека свое на свое да се врати.
Родна земја во тишина трае, а Пустец прашува
Народе знаеш ли Македонија до кај е?
Ти искрои судбина некој зол свет
ѓаволски алчен,
за туѓо жеден душман клет,
оној што незнае вели дека си мала,
а ти што е твое, уште не си збрала.
Слушај земјо чеда твои што ти велат,
Свој на своето си само кога си цела,
Од каде до каде имач крвави капки,
Од каде до каде се твоите стапки,
Знаат ли клетници што од злоба гнијат
До кога крвта црвена ќе ти ја пијат?
А распарчена земја во тишина трае
Народе тебе те прашува,
Дали знаеш Македонија до кај е?

slavica-mitrovska-caci
СЛАВИЦА  МИТРОВСКА ЦАЦИ

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top