Песни за Македонија

Доста е

slavica-mitrovska-caci

Со дрвена лажица
нагризана од црвоточина
ги сркавте валканите
селидби и прогонства,
гладот и студот
иста тажачка ви пееја,
исти полиња по родот плачеа,
и она малку живот во
изворите ви го секнуваа.

Ридовите ги нишаа и разнишуваа
наместо црвени ружи
со мирис на чист воздух
запалени гламњи никнуваа,
без венчавка за облаци ве венчаваа,
без крштевка ве прекрстуваа,
везден ви го наоблачуваа.

И викнавте, доста е!
Нови извори со нови души ископавте,
дрвената лажица гудало ја направивте
на гладот песна за збогум му пеевте,
ридовите рамници ги преоравте
со нови корења ги насадивте,
тажачките недотажени
во крпче ги врзавте,од пепел
на изгорени гламњи
нови се преродивте
венчани и покрстени
цврсто по земја газевте.

Та сега ли на душман радост да чините.
Ви фрлија горчливо семе во плодна земја,
косачите сал замижуваат и чекаат
корења од рамница во еден откос да откосат,
семето родно и плодородно да ви го уништат.

Та сега ли рака на деда и прадеда да кревате
лажни свечености со крв таткова да налевате,
со покривач од страв на брата очи да покривате.
Уште едно проклество ви калемат
разбудете се и викнете, доста е!

slavica-mitrovska-caci
Славица Митровска-Цаци

Најново од: Песни за Македонија

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

To top