Песни за Македонија

Белата жена од белата земја

ruza-spasovska

ruza-spasovska
Ружа Спасовска

Ме прашуваш од каде сум?!
Што ми лицето било бело,
што ми косата била руса,
та и очите мои сини.

Ме прашуваш од кај ми е потеклото,
Од кај ми се корените –
дал од земја некоја северна
ил од далечна Русија?

Што те чуди мојто лице бело?
Па јас сум си од земја Бела!
Што те чудат моите очи
што синеат како Белото Море,
а од сонцето милувани косите руси.

Што те чуди снагата ми бела,
на Бела земја пораснала,
од Белдар вода пиела,
во Белото Море се капела,
на градите бел крст носела.

Низ Бела Земја, Белдар река тече,                                                                                           
од Бела Планина извира
во Белото ни Море се влива;
Од Белата Планина па до Белото Море,
на секој камен бел крст има.

Кога мојта баба блажена била
на тешка преселба не тргнала
на огниште останала
прапрабаба ми ја родила;
Родот нејзин сѐ уште трае,
не се чуди што бела сум јас
и внуките  мои ти се доказ.

Роднините мои на север тргнале
нови земји населиле,
словото го понеле
и Словени ги нарекле.
Писменост рашириле
и царства оснивале,
на поклонение во Бела Земја се враќале
и од тука благослови земале.

Поздрави ги моите бели роднини                                                     
во земји Дар-дадени
и оние
зад  Карпатите преселени.
Поздрави ги и кажи им
за гените наши Македонски
Раскажи им за
Деца храбри од Белата земја
и кажи им да не заборават
од каде потекнуваат –
Од
МАКЕ   ДОНА               ИА
МАЈКА ГОСПОЃА НА ЗЕМЈАТА!

Ние народ на Небесниот Господар сме,
деца на Големата Небесна Мајка
со духот Божји Македон
од земја
МАКЕ ДОНА ИА
МАКЕДОНИЈА МАЈКА НА СВЕТОТ Е!

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top