
Убаво наша Татковино
Земјо на дедовци славни,
Прелестна си со планини комитски,
Со реки и долишта брзотечни,
Со езера како солза бистри
Те сакаме ние Мајко
И привет ти пракаме
Од туѓините далечни,
Она што ни го отнале со сила
Туѓинците, проклети да бидат.
Нашата земја, нашиот роден кат
Пак кестане наше Мајко мила.
Вардар., Егеј и Пирин
Обединети брат до брат
Во нов Илинден, со нови сили
Ке ги скршат ропските окови.
И тагаш ти земјо в крвје натопено
И со порои солзи облеана,
Во пустошни пожари горена,
Низ маките вечни и крвавите бури
Ке бликнеш Мајко преродена
Држава на Самоил, на Гоце и на Ченто.
Па тогаш песната за „убавата Татковина“
Ке се пее со нова мелодија,
Радост и гордост од неа ке ечи
И твоите стари рани ке ги лечи,
Стаподдрен