Името Македонија е свето камче –
на небото во ѕвезди загнездено.
Во душата на секој Македонец –
за довека топло вгнездено.
Името Македонија со црвени букви –
војводи го имале напишано.
Тоа свети како светло сонце,
и не може да биде избришано!

Саво Костадиноски
Берн, 13 март, 1993 г.