Од македонските
цркви и манастири,
о, колку е моќен
гласот на камбаните –
допира
до сите нашинци
преку океаните!
О, тие камбани,
вековно што ѕвонеле,
што го разлевале
на сите страни гласот –
за сите Македонци
значел избавение
и пат кон спасение.
О, камбани македонски,
о, ѕвона мили,
ако можете
ѕвонете со сите сили
и разгласете:
од вас не се двоиме,
со вас претци постоеле,
а и ние постоиме!
Ѕвонете мили,
вашиот ѕвон милозвучен,
со привлечноста,
си издлабил место
и пат до вечноста!

Саво Костадиновски