
И ние сме деца на мајката земја
на мајката земја, на Македонија.
на нашата земја, на Македонија.
И ние имаме право да живејме,
како и другите живот што живеат.
А ние страдавме, гладни умиравме.
Слобода немавме правдини никакви
кога ги баравме, в затвор се најдовме,
во фурни не стават за да не изгорат.
Коските ни кршат и крвта ни пијат
а ние смели сме, горди умиравме.
Горди умиравме, не се предававме.
Живот не жалевме, младост си дававме
за наши правдини, смели умиравме.
Парола имавме: Смрт или Слобода!
Смрт или Слобода за Македонија,
за Македонија, земја поробена.