Песни за Македонија

КАДЕ СТЕ ?

Savo

1SavoСаво Костадиновски

КАДЕ СТЕ ?

(Не случајно ја напишав оваа песна,а предизвик

  ми беа договорите за пријателство со

  република Грција и република Бугарија,

  во кои неоправдано се разобличува

  историското минато на Република Македонија.

  15.05.2020 год.Келн)

Каде сте?

тврдокорни борци

војводи славни

Комити храбри

поборници на војната

од љубов спрема татковината

со паролите

за слобода или смрт

Послушајте,

овој народ не е жеден за вода

туку за комитска песна

Каде сте?

песната со завет

да ја допеете

во душа рани да излечите

на светот  да му докажете

дека во сечии македонски дух

по еден буден комита се крие,

Кажи те им

да престанат

да ријат како кртови

по нашето македонско национално ткиво

да не нѐ демнат

со безобличена историја

кажи те им

ниту ропските векови

не го замрачија сонцето над македонија

 а и тие не

Каде сте?

стани Гоце

исправи се

стрелај во зборовите без душа

кои нѐ напаѓаат

оживи

со моќта на комитска сила

и нишани во срцата

кои со злоба толчат

врз македонската бидина

кажи им ти

дека во свеста на твојот народ

ние сме од сѐ и сѐопшто

но пред сѐ семакедонски

И колку да е тешка нашата историја

и потешка

од земјата македонска да биде

сепак зборот македонија

ќе остане да вреди за најскап збор

во срцето на македонскиот јазик,

зборот,

секогаш е силен

и вечито грми

како национ на истрајот

како зачувано сведоштво

и аманет

на идните генерации

кои во слобода и во мир

ќе ни се множат.

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top