Каролина Ристеска: ЦАРОТ САМОИЛ МАКЕДОНСКИ
Се роди Тој во земја
Стара Александрова,
Се роди во Македонија
Дете едно од браќа сакано,
Од татко и мајка галено,
Самоил име му дадоа
И во името христово го покрстија.
Славен тој стана
Во своето Царство Македонија,
Многу народи покори
И земји освои
Да го слави името македонско.
Сакаше тој својата војска
Да ја испрати
Во славниот бој на Беласица,
Таму да победи!
Но беше предаден
И излажан од злобниот Василиј ,
Беше страшно
И во бој војската покосена,
Ослепена,
Остана ,
Само на еден стотник војник
По едно око оставено,
Тој да ги води
До Царот свој славен
Царот на Македонија ,
Царот Самоил.
Срце царско неиздржа
Болка клета го уби,
Умре царот на постела
И остави аманет:
„МАКЕДОНИЈА
ЦАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ
ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИ!!!
АМИН!