
Македонија тешка трагедија ја снајде
на дно човечко таа да се најде,
од своите полтронски политичари
и заведени историски јаничари.
Во Мала Преспа појдоа
со предавници се гушнаа
и тешки зборови се слушнаа:
Античката историја ќе си ја згрстиме,
а вас со ново име ќе ве крстиме!
Ево сега и Ганчовци не фатија
на повторен испит не пратија,
побараа насила јазик да ни земат
и од картата земна нас да не снемат.
А пак Македонците во дијаспората
со Македонија се гордееа,
на протести славни песни и пееа
и од диви ѕверови ја бранеа.
Жално за Македонија и Македонците
со договорите што ги поставија
без Егејци и Пиринци не оставија
па така во дваесет и првиот век
постанавме феномен за целиот свет.
Ристо ГАЛЕВСКИ – Сиднеј