Песни за Македонија

Македонски народни песни запишани од Јосиф Чешмеџиев

Магда

Огрејала месечина, леле,
крај кулата, при булите.
Сите були ју фереџе,
мома Магда ју елеци.
Па е Магда најубава, леле,
најјубава, најгиздава.
Сите були набелени,
набелени, нацрвени.
мома Магда, ни белена, леле,
ни белена, ни црвена.
па е Магда најјубава,
најјубава, најгиздава.
Сите були ју кондури, леле,
мома Магда ју опинци,
па е Магда најјубава,
најјубава, најгиздава.
Сите були ју кавраци, леле,
мома Магда ју шамија.
Па е Магда најјубава,
најјубава, најгиздава.

Жаљба за младост

Да знаиш, моме, да знаиш,
како је жаљба за младост,
на порти би ме чекало,
от којна би ме сметнало,
на раце би ме кренало,
по скала би ме качило,
в одаја би ме внесило,
ноѕеве би ми измило,
постеља би ми послало,
до мене би си легнало.

Стари Јано, Лазаре, вино пиет
Стари Јано, Лазаре, вино пијат,
вино пијат, во башчите,
во башчите, под вишните.
Просто стоет – девет синој,
му служеет златна чаша,.
Ми долета едно пиле,
ми нараси – златна чаша.
Прогоори – стари Јано,
–  Ај синои, мили синои,
земите си – лак и стрела,
ударите това пиле,
што нар’си – златна чаша.
Отгоори – лапо пиле:
„Не сум пиле – за стрељање,
тук ме прати цар Александар.
Ти си имаш мила ќерка,
тој си имат – мили сина,
вие да се сосватите.“
Пеела М. Антонова)

Девојче море девојче

Девојче, море девојче,
шчо ти је бело грлото –
како на фиљџан д’ното?
Фиљџанот полн со ракија,
подај го да се напијам.
Подај го да се напијам
да пијам да се опијам,
да пијам да се опијам,
меракот да ми поминит.

На срце му љута змија
На срце ме пие, мила мамо,
една љута змија.
Та не се е била, мила мамо,
таја љута змија,
туку се е севда, мила мамо,
севда црноока.
Севдината снага мила мамо,
штица бичкиџиска,
севдиното лице, мила мамо,
мило јасно с’нце,
севдиното чело, мила мамо,
това рамно поле,
Севдините веѓи, мила мамо,
црни пијавици.

Абре лудо, аџамијо

А бре лудо, аџамијо,
абре левен, јабанџијо,
што ми идеш по бел дена,
по бел дена – право пладне?
Што не чекаш мрак да падне?
Дал е Господ темни ноќи,
темни ноќи криви друми-
да не слушам лоши думи.
лоши думи, присмехулки,
от момите по вратите,
од жените по ма’лите,
от мажите по ме’аните.

Кукни кукувице

(Љубима песна на Гоце Делчев)
Ајде мори, кукни, кукни,
сињо пиле кукувице, мори,
кукни да не кукнеш!
Ајде море ја да дојдам,
сињо пиле кукувице, мори,
таја рана пролет!
Ајде море да си соберам,
сињо пиле кукувице мори,
се одбор јунаци.
Ајде море да си слегнам,
сињо пиле кукувице мори,
у Солунско поле.
(Пеана од Д. Нетков, штипјанин)

Јосиф Чешмеџиев, композитор, диригент и фолклорист, спаѓа во најзначајните собирачи на македонски народни песни. Со она што го запиша и објави, а уште повеќе со она што остана необјавено по неговата смрт тој заслужува многу повидно место во нашата национална култура.

Роден е на 21 октомври 1890 година во Скопје во стара револуционерна фамилија. Татко му бил управител на епархија. Бил осуден на смрт во 1903 година. Се школувал во Солун каде што бил ученик на Атанас Бадев Се школувал и во Бугарската духовна семинарија во Цариград (Турција) каде што инструменти учел кај Акзенштајн, капелмајстор на султанскиот духовен оркестар. Тука раководен ученички оркестар и ги напишал првите композиции. Во 1908 година во Скопје раководен голем хор и духовен оркестар составен од калфи и чираци. Во 1909 година се запишал на композиција  на Државниот конзерваториум во Лајпциг (Германија) каде што завршил во 1913 година. Едно време бил помошник капел мајстор во Хамбуршкиот драмски театар. По Балканските војни заминал во Бугарија каде што остварил значајна просветна дејност особено меѓу македонското население во Бугарија. Како композитор остварил забележителни резултати во областа на хорската песна. Напишал голем број детски песни, песни за мешан хор, направил обработки на македонски и турски песни итн. Автор е на две симфонии и пиеси за оркестар, инструментални пиеси, песни за глас и пијано, масовни и естрадни песни и др. Автор е на учебници по пеење, статии за композитори од областа  на музичкиот фолклор итн.

Негови  композиции се: 3 симфониски поеми г-мол – 1920, оперите „Тајната на Вардар“ (1918) и „Меглена“ (1924) многу оркестарски творби, кантати, камерни творби, инструментални пиеси, уметнички соло и хорски песни итн. Има запишано и неколку илјади народни песни.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top