Песни за Македонија

Ова дуња, мамена дуња

Валентина Ѓоргиевска Парго

„Ова дуња мамена дуња“
Уште ко да ја слушам баба ми Zore да ми вели
„Навечер легвиш, сабајле не знеш даљи ќе са разбудиш,
наутро ќе та разденит, навечер не знеш даљ ќе та стемнит!“
Пусто бољче! Пуста бољка! Гулабица. Ми одлета!

Денес не мислам на вчера,
Денес не мислам на утре,
Денес не мислам на Ти
Денес не мислам на тој
Денес не мислам на Тебе
Денес не мислам на него
Денес, за секој случај, правам тестамент.

…Самотијата ќе ја оставам на волците
срамотијата ќе ја закачам на колците.
веселоста ќе им ја потпишам на светулките
радоста ќе ја пренесам на пеперутките
тежината ќе им ја оставам на грутките
итроста, за инает, ја давам на утките
вселената, на кучките.

…Слабоста ќе ја дарувам на храбрите
Гордоста, на душманите.
Копјата, на тираните.
Огнот, на разгорените
ќумурот гламна, на догорените
синџирот, на дотолчените
беспарицата, на замолчените
копнежот, на заробените
татнежот, на заглушените
бурата, на здрвените
виножитото, на стресените
фануријата, на измачените

…дереџето, на стопените
фереџето, на подведените
неверството, на забранетите
брливоста, на разгалените
крстот, на скршените
милоста, на зашеќерените.

…Пурпурот, на девиците
Крвта блага, на пијавиците
белината, на гулабиците.
Часовникот „тик-так“, на отчуканите
каменот, на чичко стар и слеп
чадорот, на поразен боем
крикот, на раздробен поет.

…Сјајот, на обележаните
Срамот, на, со прст покажаните
плачот, на распарталените
чемерот, на пукнатите.

…Тактиката, на војниците.
Отровот, на осојниците
Цутот, на недораспупените
Занесот, на нерасонетите.
страста, на недоречените.
танцот на ненаиграните.
Цвеќињата, на починатите.

…Благовестието, на тазе зачнатите
Пустелијата, на невечаните
широчината, на оддалечените
длабочината, на паднатите
височината, на летнатите
далечината, на изрезилените.

…Перјаницата, на неизедначените
мирот, на поданиците
грижата, на грешниците

…Медот, на даровниците.
Ноќта со фенери нека ја параат вљубените.
А кому јас да ја оставам тагата од овој тестамент?
На некој ЧОВЕК, нему му е ред…

(Ова дуња, мамена дуња- преспанска изрека која значи- Овој живот/реалност, лажен живот)

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top