Песни за Македонија

Татковината

Ѓорги Ф. Тодоровски

Ја сонувам и во песните ја споменувам,
со мислите патувам и во сонојте ја посетувам. 
Душата ми плачи и срцето ми се мачи,
ке овенам, 
како лист ке се исушам, 
ке изгорам, 
пепел ке се сторам ако почекам, ако несе вратам. 
Сега се запалив и ништо неможи даме запри,
желбата ми е голема,
ке се вратам во мојата земја,
во моето родно место. 
Пред силата ке застанам и со голи раце ке се бранам.

Ке зборувам за вистината, 
ке раскажувам за неправдината,
нека се слушни по целиот свет за земјата наша што нија зедоа,
што нија окупираа,
што нија распарчија и од браќа и сестри што не оделија. 
Окупаторите не мачеа,
не асимилираа,
не тераа,
и без наша желба,
без наше сакание,
без никакво право иминјата ни ги изменаа.
Ни ги изменаа иминјата на градовите  и селата,
на планините,
на реките, на езерата,
ги изменаа и на гробиштата.
Ни го забранија јазикот, песните, ората,
ни ги изгореа книгите,
ни ги затворија школите и црквите.

Ке пишувам за да остани,
да не се заборави, да не се повтори за нас децата од 48 осма од мајките што не оделија,
што не истераа,
што не испадија,
што не откорнаа од родните огништа и од сите Македонски соништа.
Ке споменам и за тие што пред време изумреа,
за тие што не се родија,
за тие што не се вратија и во туѓина што изгореа.

Ке им кажувам на помладите,
на нашите и на тугите,
за Македонските комити како јауначки се бореа и како xеројски за слобода гинеа.
Ке им кажувам да знаат колку народ загина,
колку крв се пролеа,
колку солзи се истурија и колку мајки во црно се облекоа.

Како се бројат бомбите,
куршумите, градите издупени,
лугјето ранети и убиени,
андартите наточени што сечеа глави човечки,
како ќе се простат убиствата на вампирот Каравангелис,
на Павло Мелас и на други,
на грците што му беа слуги.

Ако човек помисли за нашиот народ,
несреќен, нефтесен,
за маките што ги истрга.
За еден залаг леб си работаше,
земјата си ја копаше,
со пот и солзи си ја вадеше,
со мртви тела си ја ранеше.

Таа земја пуста,
проклета со крв ја пролеа,
сега друг му го бери плодот,
сега друг се радва со неа.
Колку песни се испеани за неа,
и колку се заборавени,
загинати и колку украдени?
Колку приказни се исказани од стари баби и колку не се испечатени?
Колку камениа се искршени,
по патишта, по калдерми, по куки и племни се кладени?
Колку плитари се направени со вода и пот измесени?
Колку куки,
колку цркви,
колку градови и села со Македонски раце се изградени?

Колку силно треба да врескаме светот да не чуе;
зошто се мачиме и зошто плачиме?
Колку тивко, колку благо треба даму зборуваме?
Европа да разбери дека и ние сме луѓе родени од мајки,
дека и ние имаме право да живееме,
човечки права да си бараме.

Уште колку крв ке треба да пролееме?
Уште колку жртви ке треба да дадеме окупаторите да разберат,
дека и ние постоиме и ке постоиме,
како посебен народ од другите со своја држава,
со јазик, историја и култура.

Македонската нација е жив организам со длабоки коренја,
Македонската крв во жилите расти и се плоди.
Вистината не се покрива,
вистината е тука со нас и затоа сме силни. 

Лагите и пропагандите на грчкиот шовинизам се празни зборови,
со времето ќе се заборават,
ке загинат, ке изчезнат.
Македонија е една на Балканот,
секогаш беше наша и секогаш ке биде наша,
од кога угрева сонцето до кога зајдува во нокта,
Македонија ни е земјата.

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top