Песни за Македонија

Народни песни за крштевањето Господово

Собор на Свети Јован Крстител 20/7.I.

Крштение Христово
Јордан ми се разлеваше
од ридови до брегови,
во Јордан е Божја мајка,
в роце држит млада Бога,
мила Бога некрстена.
Го сусрети Свети Петор:
– Коде одиш Божја мајко?
В роце држиш мила Бога,
мила Бога некрстена?

Одговори Божја мајка:
– Ја си ода кум да сака.
Так’ ти Бога, Свети Петре,
или смееш и умееш,
и умееш кум да бидеш,
да ми крстиш млада Бога.

Изговори Свети Петор:
– Так’ ми Бога, Божја мајко,
ја не смеја ни умеја,
ни умеја кум да бида, –
по мене е Свет’ Илија,
тој ми смеит и умеет,
и умеет кум да бидет.

Ја сусрети Свет’ Илија:
– Коде одиш Божја мајко,
в роце држиш мила Бога,
мила Бога некрстена?
– Так’ ти Бога Свет’ Илија,
или смееш и умееш
и умееш кум да бидеш,
да ми крстиш мила Бога
мила Бога некрстена?

Изговори свети Илија:
– Так’ ти Бога, Божја мајко,
ја не смеја ни умеја,
ни умеја кум да бида,
да ти крста мила Бога.
По мене е Свети Јован,
тој ми смеит и умеет,
и умеет кум да бидет.

Ја сусрети Свети Јован:
– Так ти Бога, Божја мајко,
в роци држиш мила Бога,
мила Бога некрстена?

Изговори Божја мајка:
– Ток’ ти Бога Свет Јоване,
ти ми смееш и умееш,
и умееш кум да бидеш,
да ми крстиш мила Бога,
мила Бога некрстена!

Изговори Свети Јован:
– Так’ ти Бога, Божја мајко,
ја си смеја и умеја,
и умеја кум да бида,
да си крста мила Бога
мила Бога некрстена.
От’ си крсти мала Бога.

Од зборникот на Васил Икономов. Од дебарско. Песната се пеела на Богојавление на оро.

Крштевањето Христово
Затресло ми се затресло,
вишното небо и земја,
тогај је маќа здобила
Ристоса дете малено,
малено дете галено.
Куга го маќа здобила,
с десна го рака фанала,
в бела го книга увила,
во лева го пазва скрила
од проклетите Чифутје
оти је царство чифутско,
оти је царо Чифутин.
Наврвила воз реката
воз реката воз Јордане,
да тера кум Свети Јован,
да крсти Ристоса.
терала го је нашла го,
на него вели говори:
– Куме ле Свети Јоване,
јазе те терам по небо,
тизе си бил по земја.-
Да крстиш дете малено.
Свети Јован и говори:
– Марије, Богородице,
ка име да му туриме?
Марија вели говори:
– Куме ле,Свети Јоване,
ка те је Господ научил.
Свети Јован и говори:
– Марије Богородице,
а да му турим Ристосе!
Па го крстија Ристосе.

Од Малешевско, од зборникот на Станко Костиќ.

Свети Јован дрво високо
Израсло ми је дрво високо,
на дрвото ветки парови,
а на ветките стребрени лисје,
а на лисјето поројни пчели:
Дрво високо – сам Свети Јован,
ветки парови – цркви, манастир,
стребрени лисје – свети икони,
поројни пчели – Божи Рисјани.

Се пее на Ивановден (Водици) кога се фрла крстот. Од с. Тресонче, Дебарско слушана од Крста Сталева. Од зборникот на Атанас Илиев.

Надвела се Света Дева Марија
Надвела се Света дева Марија, Марија,
над неја се седмокрили ангели, ангели.
Изговори Света Дева Марија, Марија:
– Еј ви вами, седмокрили ангели, ангели,
нел’ појдите в земни кледи камени, камнени,
наточите две здравици винени, винени,
позовите Свет’ Јована зимнего, зимнего.
Се му војска Свет’ Јовану заигра, заигра,
и Јордана што не течет затече, затече,
и пилците што не пеет – запеја’, запеја’.
Позовите Свет’ Ѓорѓија пролетни, пролетни,
позовите свети Петра летнего, летнего.

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top