Песни за Македонија

Добриот човек

Valentina_georgievska_Pargo

Valentina_georgievska_Pargo
Валентина Ѓоргиевска Парго

Добриот човек го има
она нешто што другиот околу тебе сигурно го нема.
Добриот човек го знае
она што мудрецот долго во себе го трае.

Добриот човек, ако ти се падне
к’смет ќе ти дава, маката ќе ти ја зема,
орлови нокти ќе стави,
сонот да ти го врати
ако некој ти го грабне.

Добриот човек ништо не го сече
ништо не го лути, него коси
добриот човек, добар ко македонска душа
тагата него повеќе отколку лошиот го демне
и да знаеш секоја солза него одвнатре го пече.

Кога поминуваш покрај него
кротко нека биде, не го праши,
не е до тоа,
тој ќе премолчи, ќе ти прост и толку лесно,
што има од срам да се вџашиш.

Добриот човек, сепак, чувај го ко амајлија стара
ко од памтивек дадена од баба, од нејна баба и прабаба.

На него слободно сметај кога рамо за плачење ти треба
кога денот ти дава, а ноќта ти зема
кога ти недостига друшка верна
тој ќе дојде да се ракува, со стисок на рака
со шеќерна уста
и со мелем,
за да ти ја смекне нанесената рана.

Тој може за се да чека, да чека, и пак да чека . . .
аха, ти така си мислиш
и него секогаш ќе го оставаш поради некои дигноглавци
Јас пак ќе ти речам
Добриот човек немој, за никого и за ништо не го гази.

На Добриот човек сети се секогаш и сега
дaј му го местото кое на пати несвесно му го земаш
за него треба почесно место
симни му шешир, си го одработил чесно.

Не еднаш, не два пати, знам ќе го продадеш за помалку и од евро
ќе се смееш на неговата искреност, и дела
Не шегувај го и не потценувај го, немој.
Не прави кон него ни помали, ни поголеми гревој.

После дождот, чадор не ти треба
во дождот, гунче од добриот човек оди барај.

Само внимавај да не е доцна
кога најмногу ќе ти затреба
него веќе да не го нема,
внимавај да не е се само – вчера.

Чувај си го дур е време, не го заборавај туку така
Ако тој си оди ќе замине и дел од твојата радост
а ти ќе жалиш по него, ко старецот по својата младост.

Најново од: Песни за Македонија

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

Гордана Димовска : Восклик за Македонија

Од ехото на минатото, низ бури и низ пламен, се раѓаше слободата како никулец од камен. Низ векови на ропство, на поделби и крик, македонскиот народ го чуваше својот лик. И дојде тој септември, тој историски ден, кога сонот на претците беше овековечен. На Осми септември, со гордост во очи, народот силно, со еден глас, […]

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе, таму долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Кој ќе се јунак избере чумата да ја пропади? Се избрал јунак, се нашол — млад Делче, млади војвода. Тој појде в Македонија чумата да ја пропади. Црн ми се облак зададе, пак долу в Македонија, таму долу, в Демир Капија. Дали […]

Александар Македонски на поаѓање во поход

Александар Македонски на поаѓање во поход Никогаш веќе нема да те видам на чардаците, ниту како наведната собираш летина. Никогаш нема да го чујам клепањето на косата ниту клепањето на воденичкиот камен во реката. Никогаш веќе нема да се вратат ни деновите, ни месеците, ни годините пред куќата, во дворот на чардаците и амбарите. Никогаш […]

To top