Песни за Македонија

Модата и облекувањето во народните песни

narodna-moda

narodna-moda

Терзии браќа терзии

– Терзии, браќа терзии,
ај сошијте ми бел фустан,
без аршин да го мерите,
без ножици да го скроите,
без игла да го шиете
без конец да го берете!
– Девојче, влашко ѓаволче,
ај да ни месиш кравајче,
без сито да го отсееш,
без вода да го замесиш,
без огин да го испечеш!
– Терзии браќа терзии,
јас ќе ви месам кравајче,
низ клепки ќе го отсеам,
со солзи ќе го замесам,
на гради ќе го испечам.

Девојко мори Маријо

– Девојко, мори Маријо,
ме пушчи мајстор до тебе,
ти да ми даиш ибришим,
ибришим, свила коприва,
да ти сошијет фустанот,
тој пусти фустан до земи.
– Јуначе, море шегарче,
дека ме мајстор видело,
што ми кроило фустанот?
– Девојко, мори девојко!
Кога одеше на бана,
со дванаесет робинки,
со тринаесет алајки,
робинки п’тот метеа,
алајки поли крепеа.
Тогај девојко, мајстор ми
от сенка фустан ти крои.

Кој ти купи коланчето

Кој ти купи коланчето,
коланчето за крсчето?
Ми го купи низамчето,
кир Димитри за крвчето.
Кој ти купи ф’станчето,
ф’станчето за снагата?
– Ми го купи низамчето,
кир Димитри за снагата.
– Кој ти купи кафтанчето,
кафтанчето за главата.
– Ми го купи низамчето,
кир Димитри за главата.
– Кој ти купи ѓерданчето,
ѓерданчето за грлото?
– Ми го купи низамчето,
кир Димитри за грлото.
Кој ти купи кондурите,
кондурите за нозете?
– Ми и купи низамчето,
ќир Димитри, за нозете.

Колку пари чини моме

– Колку пари чини, моме, солунското вефче?
– Солунското вефче, чини петстотини гроша.
– Колку пари чини моме солунско ф’станче?
– Солунско ф’станче чини петстотини гроша.
– Колку пари чини моме, солунско коланче?
– Солунско коланче чини петстотини гроша.
-Колку пари чини моме, солунско герданче?
– Солунско герданче чини петстотини гроша.

Кат ќе идеш бате Коле

Кат ќе идеш
за на печалба,
за грат Битоља,
да ми донесиш,
от свила фустан;
јас да го носам
ти да ме гледаш,
дали ми прилега
да станам невеста.
К’т ќе да идеш,
за на печалба
за грат Битоља,
да ми донесиш,
убави кондури;
јас да ги носам,
ти да ме гледаш,
дали ми прилега,
да станам невеста.

Коконе малој мори девојче

Коконе малој девојче,
допратил ме ја мајсторот,
да дадеш конци ибришим,
да ти сошие костимот.
– Чираче, малој ѓаволче,
од кај ме знае мајсторот?
– Коконе малој девојче,
кога сте биле на бања,
кога сте биле на бања
тогај ти мерка зимаше.
Батко и Кољо ќе дојди
Надеваш лис е Калино,
батко ти Кољо ќе дојде
армаган да ти донесе,
на бело грло герданче,
на тенка става коланче,
на бели нозе кондурки,
на црни веги вегило,
на бело лице белило,
на бели раце гривнишки.

Од книгата „Македонскиот фолклор основа за проектирање современа облека“ од Андреја Китевски, Скопје 2008.
(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top