Песни за Македонија

Ѕвездена љубов

pande-manojlov

Никој не ќе ми го прости татковинското,
ниту ѕвездената љубов што во мене тлее,
како што никој не ќе ги прости гревовите
на мојот народ легнат под сенката на јадот!

Тука ми е „гра“ пушката, обесена на ѕидот,
тука ми е и сабјата што блеска како сонце,
тука ми е и од Гемиџиите аманет-динамитот,
тука ми е в срце и  слободата или смртта …

А никако крст да сторам, рака да подадам,
да земам сабја, нежно личотија да и галам,
да дофатам пушка, динамит в појас да ставам,
да бакнам знаме, клетва за Татковината да дадам!

Месечева светлина низ прозорец скршен ѕирка,
ме буди од сонот а никако буден на нозе да станам,
да завиорам душа, јас ајдук, над ајдучка гора,
да разиграм срце, јас комита, со комитска песна…

Камбани бијат, не будат, а ние будни не сме,
небото грми, земјата мајка во очај ни татни,
и пак, гуша за гуша братски си вадиме душа,
не гледајќи ја бездната што катаден не голта!

Како да не мислиме ништо во ветровито време,
како да не мислиме што другите нас ни мислат:
како сè да е бесмислено кога педа по педа ни земат
и од родни куќи, од родна стреа, од своето не бркат!

О, брату мој, од иста мајка и од ист татко семе:
Сал прегратка братска, знај, силно нас ни треба,
знаеме кој сме и што сме и од кое гордо племе,
а Татковината треба да биде на потомците и наша !

pande-manojlov
Панде Манојлов
14 март 2013 г

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top