Песни за Македонија

Лазарски песни од Струга

miladinovi-455

miladinovi-455

Качунцице цветнице, о Лазаре

Качунцице, цветнице, о Лазаре,
аљ је виде Лазара?
И ја видов, не видов,
на бел Дунав седеше,
вити конци виеше,
сем лазарки даваше,
Кале мале немаше,
седна Каља да плачит,
Лазара ја тешеше:
Малчи Каљо не плачи,
пак в година ќе дојдам,
сем лазарки по венец,
тебе Каљо два венца.
Кога дојде година,
Каља најде м’жена,
на бунишче седеше,
венчаница кинеше,
м’жу гашчи крпеше,
м’шко дете лељаше.

А неесто, добро мило, Лазаре

А неесто, добро мило, Лазаре!
Шчо ти уста подгорела,
како љушпа ореоа?
Шчо ти лице подбелело,
како платно бамбаќерно?
Али свекор те карало,
аљ свекрва те карала,
али твои мили стопан?

На жена која имат син да си учит:

Имат мајка мили сина, Лазаре

Имат мајка мили сина, Лазаре,
го промена, го наружи,
та го пушчи Света Гора,
Света Гора манастрира,
да се учит лудо ѓаче,
лудо ѓаче, манастирче,
и се учи, и с’изучи,
се сторило лудо ѓаче,
лудо ѓаче манастирче,
книга пеит с’лзи ронит,
го догледа егуменот,
егуменот му зборвеше:
„А егиди лудо ѓаче,
за шчо ти се нажалило,
книга пеиш, с’лзи рониш
али ти се нажалило,
за твојата мирна земја?
Али ти се нажалило,
за твоиот мили татко,
ељ за браќа, ељ за мајка,?
Лудо ѓаче одгоори
„Ајти тебе егумене,
та не ми се нажалило,
за мојата мирна земја,
ни за татко, ни за браќа,
туку ми се нажалило,
за мојата стара мајка.“

На богат човек

Пофалил се богатиот

Пофалил се богатиот:
Јас сум богат и пребогат.
Тук се нашат и понашвит,
како риба во глобина,
како орел во вишина,
како овца с рудо јагне,
како лоза с бело грозје.

На владика

Уснал ми је владика

Уснал ми је владика,
Ристу-богу на колена,
Ристос ми го скориваше,
– Стани стани, а владико,
ето ти се лазарици,
лазарици, посестрими,
шчо ќе дарчок да ’и дарвиш?
– Сем лазарки марамица,
на нееста кошулица.
– Да дочекаш и в година,
и в година и за многу,
со твојата добра глаа.

На анама

Летале ми летале

Летале ми летале,
девет реда голаби,
и десетто пауни,
паднале ми паднале,
кад’нини дворои.
Шчо чинеше кад’на?
Кутлум бисер мереше,
по голаби фрљаше,
кад’на им говорит:
„Зобајте ми зобајте,
девет реда голаби,
и десетти пауни.
Пак в година да дојте!“

Од Кукуш

Лудо идет од гората

Лудо идет од гората
младо идет од гората,
в р’це носе до две китки,
до две китки теменушки.
Стредба иде ќе го стрете
ќе го стрете мала мома,
малка мома, бела Неда.
Та му веле и говоре:
– Дај ми лудо, дај ми младо,
таја китка теменушка!
Лудо и веле и говоре:
– Мори моме, малко моме,
китка давам, мома земам.
Море лудо, лудо младо,
китката је до планина,
а момата до жив живот.

Вјахнал јунак брза коња

Вјахнал јунак брза коња,
та отишол честа гора,
честа гора Богданова,
три дни ходил, три дни ловал,
ништо лова не изловал,
изловал је малка мома,
променена наредена,
како китка накитена,
како перо наросено.

Лудо младо вино пие

Лудо младо вино пие,
вино пие, јагне јаде,
калпак држи на колено,
ем се дига на големо.
Мома стое спроти него
уште му се шега бие,
шега бие в очи смее:
– Море лудо, лудо младо!
Кадар беше да ме лажиш,
не би кадар да ме земиш.
а јас да бев како тебе,
градина бев заградила,
тебе прилес би те клала.

Од Зборникот на браќата Миладиновци.

(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top