
Гордана Димовска
Во доцни ноќи под слабото светло
Размислуваат, пишуваат и творат
За својот народ се борат.
Предани на своето дело
Неуморно и вешто
Создадоа труд , создадоа 38 букви свети.
И дојде ден, дојде саат
Народот стана од вековен мрак
Силна светлина го обзеде светот
Факелот се распламти во
Солун наш, па Цариград и Олимп
распламти силно и подари писмо
народот може да пишува и чита.
Мисијата ваша и ден денес е жива
тој светол пламен продолжи да грее
Аз буки и веди, зборови силни запишани да траат
И вашите ученици вредни оставија поука
За сите да знаат:
Чувај го, негувај го и пренеси го зборот македонски
чувај го писмото македонско
тоа вредно богатство свето
тоа е твое силно оружје в рака,
Вечна ви слава солунски браќа!